Бодрог
река во Унгарија и Словачка
Бодрог — река во источна Словачка и североисточна Унгарија. Таа е притока на реката Тиса. Бодрог се формира од реките Ондава и Латорица близу селото Земплин во источна Словачка.
Бодрог | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Токај |
Должина | 67 |
Особености на сливот | |
Течение | Тиса→ Дунав→ Црно Море |
Реката ја поминува Словачко-унгарската граница кај селото Фелшеберецки (близу Шатораљаујхељ) во Унгарија, и Стреда на Бодрог во Словачка, каде исто така се наоѓа најниската точка во Словачка (94.3 метри над морското ниво), и го продолжува својот тек во унгарскиот округ Боршод-Абауј-Земплен, додека не се сретне со Тиса,[1] во градот Токај. Реката поминува низ градот Шарошујпатак, во Унгарија.
Должината на реката е 67 километри (15 во Словачка, 52 во Унгарија). Сливното подрачје изнесува 13,579 км² од кои 972 км² е во Унгарија. Реката е богата со риби.
Наводи
уреди- ↑ „Area along the Bodrog“. bodrogtura.eu. Архивирано од изворникот на 2016-04-10. Посетено на 4 September 2015.