Тинкоф
Тинкоф (кратенка на екипата според UCI: TTS) — поранешна руска професионална велосипедска друмска екипа. Настапува во Светската турнеја. Екипата е поседувана од Русинот Олег Тинков и од 1999 до март 2015 година била управувана од поранешниот победник на Тур де Франс Бјарне Рис. Спонзори на екипата е руската банка Тинкоф.[2]
Инфомации за тимот | ||
---|---|---|
UCI код | TTS | |
Лоциран | Данска (1998-2013) Русија (2014-2016) | |
Основан | 1998 | |
Распуштен | 2016 | |
Статус | UCI World Tour екипа | |
Велосипеди | Спешајлзед | |
Клучни кадри | ||
Извршен директор | Бјарне Рис | |
Спортски директор | Ник Гејтс[1] | |
Историја на тимското име | ||
1998–1999 2000 2001–2002 2003–2008 2008 2009–2010 2011 2012 (јан-јун) 2012 (јун-дек) 2013 2014–2015 2016 | Тим хоум-Џек & Џонс Тим Мемори Кард-Џек & Џонс ЦСЦ-Тискали Тим ЦСЦ Тим ЦСЦ Саксо Банк Тим Саксо Банко Тим Саксо Банк-СанГард Тим Саксо Банк Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Тим Саксо-Тинкоф Тинкоф-Саксо Тинкоф | |
| ||
Основана во 1998 година, како Тим хоум — Џек & Џонс, екипата започнала во втората лига на велосипедизмот. Во 2000 година била преместена во највисоката класа, сега позната како Светска турнеја. Од 2000 година, под различни спонзорски имиња (Мемори Кард-Џек & Џонс и ЦСЦ-Тискали), екипата возела на Тур де Франс. Има победи во генералниот пласман на сите три големи трки во велосипедизмот. На Тур де Франс 2008, Карлос Састре го освоил генералниот пласман, Анди Шлек го освоил пласманот за млад возач, а екипата го освоила екипниот пласман. Покрај тоа, екипата ги освоила повеќето големи класици.
Екипата била победник во екипниот пласман од 2005 до 2007 година во UCI ProTour и екипниот пласман во Светскиот ранкинг.
Состав на екипата
уредиВелосипедисти во рамки на екипата се следниве:
- Обновено на 1 јануари 2016.
|
|
Наводи
уреди- ↑ „Ник Гејтс за нов почеток“. Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк. Посетено на 2 јули 2012.[мртва врска]
- ↑ Riis Cycling to have new title sponsor in 2009 Архивирано на 5 јуни 2012 г. at Team-CSC
Надворешни врски
уреди- Тинкоф на Ризницата ?
- Матична страница