Тиквешки НОПО „Добри Даскалов“

Тиквешкиот народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“ бил формиран на 14 мај 1943 година, кога биле престроени борците од партизанскиот одред и била положена партизанска заклетва. Најголем дел од борците биле од Кавадарци и Неготино, кавадаречките села Ваташа, Шивец, Радња, но имало и борци од Велес и од Скопје. Го викале Тиквешки партизански одред, бидејќи скоро 90 проценти од борците биле токму од овој крај.

НОПО „Добри Даскалов“
Функционира 14 мај 194324 септември 1943
Водач Никола Минчев
Лазар Калајџиски
Димката Ангелов Габерот
Петар Пепељуговски
Цели Ослободување на Македонија за создавање на македонска држава
Подрачја Тиквешко

Одредот, го добил името „Добри Даскалов” по предлог на Димката Ангелов Габерот, со што јасно ставил до знаење дека борците ја продолжуваат борбата на некогашните илинденци.

Штабот на одредот го сочинувале Димката Ангелов Габерот, политички комесар, Никола Минчев, командант на одредот, Лазар Калаџиевски Добри, заменик-командант и Петар Пепељуговски, заменик-политички комесар.

Уште првиот ден одредот ја почнал првата акција во селото Ресава. Следувале неколку успешни акции, меѓу кои една во селото Гарниково на 17 мај и другиот ден во селото Бојанчиште, каде биле убиени осум бугарски полицајци, а на селаните им била вратена претходно одземената стока.

Следувале акциите кај пограничните караули Шаренка и Порта, како и тие во селата Драгожел, Шешково, Праведник, Галиште и Драдња.

Сите овие акции предизвикувале бес и револт кај бугарскиот фашистички окупатор, кој организирал голема јунска офанзива со околу 12.000 бугарски војници, полицајци и две контрачети. Водени биле неколку борби, од кои една кај селото Никодин во која загинал заменик-командантот на првата чета Блажо Тодоровски Чичето. На 10 јуни загинал и Габерот.

Телата на стреланите младинци од село Ваташа, Тиквешко.

Загинале и командирот на првата чета Ило Виларов од Неготино, Пано Мударов и активистот од селото Галиште, Стојан Крстев.

На 13 јуни 1943 година бугарските власти стрелале неколкумина родители на партизаните од селото Шивец, а стрелале и две постари жени, мајки на револуционери од Кавадарци, Фруса Чедомирова и Рајна Соколова. Исто така со бомби биле разурнати неколку куќи во Кавадарци, Ваташа и во други села од Тиквешијата. Меѓутоа кулминацијата на сите овие ѕверства бил на 16 јуни, со стрелањето на дванаесетте ваташки младинци од селото Ваташа.

Одредот во помали групи се префрлил во Егејска Македонија во реонот на Зборско, каде биле организирани неколку курсеви за ракување со оружје и неколку тактички вежби со борците.

Помали групи од одредот заминале во Тиквешијата и вршеле помали акции, а со одлука на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на 24 септември 1943 година од одредите „Добри Даскалов”, Гевгелискиот одред „Сава Михајлов”, како и од делови од битолскиот партизански одред „Гоце Делчев”, бил формиран баталјонот „Страшо Пинџур”,[1] втората поголема регуларна единица во Македонија. Само триесетина дена подоцна, од дел од тиквешките борци бил формиран уште еден баталјон, Вториот баталјон на третата оперативна зона. Овие два баталјона претставувале јадро од кое била формирана прославената Втора македонска ударна бригада.

Членови

уреди

Загинати борци во периодот 1943-1944

уреди

Список на загинати борци од одредот „Добри Даскалов“:[2]

Име и Презиме датум на погинување
Лазе Калешков - Србо мај 1943
Блажо Алексов - Венко мај 1943
Фердо Росомански - Пеливан 14 мај 1943
Миле В‘чков - Вања 19 мај 1943
Цано Поп-Ристов - Тарзан 19 мај 1943
Лазо Стојанов - Чемерски 19 мај 1943
Цандо Андов - Пешо 6 јуни 1943
Блажо Тодоровски - Чичето 7 јуни 1943
Перо Јованов - Ганди 7 јуни 1943
Пано Мударов - Фрањо 9 јуни 1943
Ило Виларов - Сокол 9 јуни 1943
Димката Ангелов - Габерот 9 јуни 1943
Киро Каракулев - Грујо 9 јуни 1943
Илија Костов - Крумо 11 јуни 1943
Илија Јакимовски - Ике 11 јуни 1943
Душан Јуруков - Малашев 11 јуни 1943
Вано Гунов - Анто 11 јуни 1943
Александар Хаџи Илиев - Елисие 11 јуни 1943
Манчо Малиминов 16 јуни 1943
Никола Петров - Ичко 24 јуни 1943
Тодор Хаџи - Тефов - Шустри 13 август 1943
Божо Илов Димов - Павел 1943
Јордан Поп Атанасов - Гано 28 септември 1943
Георги Гелев - Шумски 26 декември 1943
Киро Спанџов - Коста 26 декември 1943
Благој Крстиќ - Јошка 26 декември 1943
Цоњу Александров - Ворошилов 1944
Кирил В‘чков - Чапаев
Тодор Гечев - Пекарев 1944
Стефан Хаџи - Тефов - Феткин февруари 1944
Стојан Т. Стојановски - Панче април 1944
Лазо Мицев - Рале 4 април 1944
Киро Крстевски - Страшо 7 април 1944
Блаже Џунов - Млаѓо 28 април 1944
Вера Циривири - Трена јули 1944

Наводи

уреди
  1. „Сојуз на борви Битола“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2018-01-21.
  2. П. Гечевски - Ивче, Глигор (1988). Формирањето и борбениот пат на партизанскиот одред "Добри Даскалов". Кавадарци: Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОАВМ - Кавадарци. стр. 231–232. ISBN 9989-712-54-9. line feed character во |publisher= во положба 63 (help)