Петар Пепељуговски
Петар Пепељуговски (роден во 1924 година во Прилеп - починал на 19 ноември 1999 година во Скопје) — македонски партизан, припадник на работничкото и комунистичкото движење.[1]
Петар Пепељуговски | ||
Роден | 1924 Прилеп, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 19 ноември 1999 Скопје, Македонија | (возр. 74–75)|
Националност | Македонец | |
Занимање | партизан генерал |
Животопис
уредиПетар Пепељуговски станал член на КПЈ во 1941 година, а во 1942 бил секретар на МК на КПЈ во Прилеп. Учествувал во НОБ (од 1941) како борец на Партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Бил член на III областен комитет, а во 1943 г. заменик комесар на III Оперативна зона на Македонија, политички комесар на чета и на XV Македонска НО бригада. Како воен раководител учествувал со XV македонски корпус на Сремскиот фронт. По Ослободувањето вршел одговорни функции во ЈНА: командант на воено подрачје, секретар за народна одбрана во Извршниот совет на СРМ, началник на Територијалната одбрана, генерал-мајор на ЈНА.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пепељуговски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1133. Text "series " ignored (help)