Илија Коцев

(Пренасочено од Илија Коцевски - Јанко)
Ова е објавената верзија, проверена на 28 јуни 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Илија Коцев - Јанко (11 декември 1918 во Ваташа — ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија, носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Илија Коцев
Роден 11 декември 1918 година
Ваташа
Националност Македонец
Познат Учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941

Животопис

уреди

Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште во Ваташа, а прогимназија во Кавадарци. Во младинското и револуционерното движење во своето родно село се вклучил по иницијатива на Ристо Џунов со кого биле врсници. Во 1941 година станал член на СКОЈ. Бил вклучен во сите активности на ваташката револуционерна организација околу подготовките за исфрлање на партизански одред.[1]

Во мај 1943 година бил меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”. На 14 мај како член на една десетина учествувал во првата акција на одредот во селото Ресава во која имало судир со бугарската полиција. По војната работел во Министерството за внатрешни работи на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 414. ISBN 978-608-4621-04-1.