Илија Јакимовски (18 јули 1921 во Дебар1986 во Скопје, Македонија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во работничкото и комунистичкото движење и во НОБ. [1]

Животопис уреди

Станал член на КПЈ од 1940 година. Од јуни истата година бил член на МК КПЈ за Скопје и член на ПК СКОЈ. По окупацијата (1941 година), станал член на диверзантска група во Скопје, а потоа одговорен за илегалните магацини.[1] Пред формирањето на Главниот Штаб, оружената борба ја раководеле: Воена комисијаМетодија Шаторов-Шарло, Коце Стојановски - Металец, Бранислав Шикиќ-Бруно, Љубомир Лековиќ- Горски, Илија Јакимовски и Роберт Гајдик.[2][3]

Во текот на август-септември 1941 година, бил член МВШ во Скопје. Од ноември 1941 година до септември 1944 година бил во бугарски затвори. По ослободувањето работел во Државната безбедност на Македонија.[1][4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 206–207. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 128–129. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 360.
  4. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 123. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)