Татјана Лазаревска
Татјана Лазаревска (родена на 12 февруари 1975 во Скопје) е македонска музичарка. Израснала во семејство кое отсекогаш било опседнато со фолклорен дух. Нејзиниот татко бил поранешен член на АКУД „Мирче Ацев“, додека мајка ѝ не се занимавала со музика, но поседувала гласови способности.
Татјана Лазаревска | |
---|---|
Роден(а) | 12 февруари 1975 Скопје, Македонија |
Потекло | Македонија |
Жанрови | народна музика, фолк музика |
Занимања | пејачка |
Период на активност | 1995 - сè уште |
Животопис
уредиУште како мала постојано ги следела настапите на АКУД „Мирче Ацев“ за во 1988 година и таа да стане член во играорната секција. Паралелно членувала и во пејачката група под раководство на Пеце Атанасовски, кој им овозможил место за настап во Долнени, Прилепско, каде што се закитиле со првото место.
Со АКУД „Мирче Ацев“ патувала низ целиот свет. При едно гостување во Белгија во 1995, се случил и првиот настап како изведувач.
Набргу по враќањето од Белгија, со голема помош од своето семејството, а посебно на маестро Милан Завков како главен иницијатор, ја снимила и првата песна „Не сакам да те преболам“, со музика и аранжман на Милан Завков и Томислав Которчевиќ. Од тогаш почнале да се редат настапи по реномирани ресторани во Македонија.
Фестивалското деби го имала на „Охридски трубадури“ 1996 со песната „Блаже, Благоја“, музика и аранжман на Милан Завков и Томислав Которчевиќ.
Во 1997 година го издала првиот албум за издавачката куќа Сенатор рекордс од кој како хит се издвоила песната „А бре чичо“, за веќе во 1998 да ја има и првата прекуокеанска турнеја во Австралија, што е воедно и нејзино прво поголемо гостување надвор од државата. Истовремено настапувала на сите реномирани македонски фолк фестивали: „Цветници“, „Валандово“, „Тумба фест“, „Тетовски фолк фест“, „Струмичка пролет“, „Роса“, „Филиграни“ итн, и секогаш имала соработка со врвни и докажани автори.
Во 1999 година го издала и вториот албум „Аце, Аце“ за Сенатор рекордс. Оваа песна станала како нејзина „лична карта“, песна по која ја препознаваат до ден денес и песна којашто ја однесе на многу гостувања во Америка, Канада, Швајцарија, Шведска, Италија, Франција, Германија итн.
Во 2000 година го издала и првиот професионален видео спот од областа на новосоздадената музика за песната „Знаат очите“ (музика и аранжман - Драги Станков, Борче Нечовски), во соработка со „EXIT-B“ продукција, и го поседува првото мрежно место во истата област.
Во 2003 година го издала и третиот албум „Сѐ ќе превртам“, повторно за Сенатор рекордс, каде што како хит се издвојува песната со најголема порака „Ништо без народно“. Од 2003 до 2005 се посветила на приватниот живот и оформувањето на своето семејство. На 3 мај, 2003 стапува во брак со својот сопруг и колега Новица, вокален солист во македонскиот вокално-инструментален и шоу бенд "Група Биоритам“.
2005 година прославува 10 години од својата досегашна кариера. По тој повод на 15 ноември, 2005 година одржала голем солистички концерт во Домот на културата „Благој Јанков – Мучето“ во Струмица и според неа „секогаш луѓето се прашуваат зошто во Струмица, затоа што ...“.
Во својата бурна музичка кариера направила и неколку излети во областа на водителството. Двапати била водителка на новогодишните програми на телевизија Интел - Струмица заедно со Зоран Ѓорѓиев, и во 2005 се појавила како водителка на фолк-фест Роса заедно со Александар Блажевски.
Во 2018 година направи концерт во Битола по повод 25 години јубилеј, на концертот ја придружуваше групата "Оркестар Маестрал", гости и беа нејзините колеги Горан Тодоровски и Браќата Нуне.
Во 2023 година со нејзиниот сопруг "Новица Василевски" настапуваат на "Охрид Фест" со песната "Љубов ни е име" со која освојуваат и награда.
Таа долги години со нејзиниот сопруг "Новица Василевски" и фамилијата живеат и работат во Мелбурн, Австралија.
Спотови
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Знаат очите | 2000 | |
Двете не мами | 2006 | Гурко |
Љубовна азбука | 2007 | |
Љубовден | 2007 | |
Убавина од Македонија | 2008 | |
Осмиот ден | 2008 | |
Совршен | 2009 | Томато продукција |
Нашата љубов | 2010 | |
Само ти | 2010 | |
Аце Аце (ремикс) | 2010 | |
Соништа | 2010 | |
Дилема | 2010 | |
Знаат очите | 2010 | |
Сам по сам | 2012 | BOX Production |
Луда журка | 2013 | Дарио Јанковиќ |
Среќен роденден | 2015 | Ин продукција |
2019 | Ин продукција | |
Жена Хероина | 2023 | Ин продукција |
Љубов ни е име | 2023 | Ин продукција |
Надворешни врски
уреди- Податоци за изданија Архивирано на 12 мај 2016 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар.