Милан Завков

македонски виртуозен хармоникаш и музички творец

Милан Завков (Скопје, 1 јули 1962Скопје, 6 февруари 2023)[1] — македонски виртуозен хармоникаш и музички творец.

Милан Завков
Роден 1 јули 1962
Скопје
Починал 6 февруари 2023
Скопје
Националност Македонец
Занимање хармоникаш

Животопис уреди

Завков хармоника започнал да свири кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.

Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов, и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и на дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор. Автор е на голем број песни, изведувани од страна на Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ, и музичките групи Група Маестро и Група Академци.

Починал на 6 февруари 2023 г. од срцев удар.

Музичко творештво уреди

Завков направил музика за голем број на песни на наши познати изведувачи:

Наводи уреди

  1. „Почина Милан Завков – легенда на хармониката“. Умно. 07.02.2023. Посетено на 12 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски уреди