Горан Тодоровски
Горан Тодоровски (роден на 24 јануари 1973 во Скопје) — македонски пејач на фолклорна музика.
Горан Тодоровски | ||
Роден | 24 јануари 1973 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | фолк пејач |
Животопис
уредиГоран Тодоровски своите музички почетоци ги започнал уште од најрана возраст, кога бил член на детскиот хор на „Златно славејче“. Завршил средно медицинско училиште во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а потоа дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на катедрата по биологија. Работи како наставник по биологија во основно училиште во Скопје.
Како фолк-пејач започнал да пее во 1993 година, а својата прва популарност ја стекнал со песната „Како божица“, по кое во раните 90-ти следувале „Како да ти речам мила“, „Ми ја зеде среќата“, „Измама“, „Прва љубов“. За песната „Прва љубов“ ја добил првата награда од публика на Фолк-фест „Низа“ во 2002 година, додека за песната „Живот“ ја добил втората награда од жирито на истиот фестивал во 2009 година.
На Фолк Фест Валандово во 1996 година ја освоил втората награда од жирито за песната „Слушни ме судбино“, а за песната „Виулица„ кој ја испеал во дует со Росана се закитил со втората награда од жирито и награда за текст. На Фолк Фест Валандово во 2019 година настапил со песната „Бараш крадец“. Неговата „Горда мајка“ што во 2018 година ја извела Благица Калева предизвикала вистинска еуфорија во Валандово и освоила прво место.
Во 1994 година освоил Гран при за песната „Се ти простувам“ која ја испеал во дует со Благица Павловска на „Сенатор-Фест“. Има направено дуети и со Виолета Томовска („Моја Битола“) во 2001 година на Серенада, со Татјана Лазаревска („Љубовна сказна“) од 2003 година и повторно со Росана („Те познавам“) на „Тетовски фолк-фест“. Тој се јавува како автор на песната „Раѓај Македонијо синови“ која била изведена од страна на Благица Павловска на Фолк Фест Валандово и која освоила втора награда од публиката.
Синоним за неговото име и музичко дело е безвременската песна „Пусти мерак Ратке“, која за прв пат ја отпеал на фестивалот „Широк Сокак“ во Битола во 2000 година, достигнувајќи вистинска популарност кај сите генерации и како безвременски евергрин е изведувана на сите негови настапи.
На својот 25-годишен јубилеј[1], Горан Тодоровски издал двоен албум, насловен како „Една по една”, на кој се јавуваат текстовите на Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев[2].
Дискографија
уредиБр. | Дискографија на Горан Тодоровски | Година |
---|---|---|
1 | Како божица | 1994 |
2 | Како да ти речам мила | 1995 |
3 | Горан Тодоровски | 1996 |
4 | Горан | 1998 |
5 | Се враќам | 2002 |
6 | Влог | 2004 |
7 | Такси станица | 2016 |
8 | Една по една | 2019 |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Горан Тодоровски Архивирано на 1 декември 2021 г.
- Мрежен канал на Youtube
„Горан Тодоровски“ на Ризницата ? |