Страшо Петрушев
Страшо Денков Петрушев ( 1925 Сушица (Скопско) ― 28 април 1945 во Горешница, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Страшо Петрушев | ||
Роден | 1925 година Сушица (Скопско), Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 28 април, 1945 година Горешница, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 5 октомври 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во Третата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во уништувањето на остатоците од балистичките банди во Македонија. Потоа заминал за Земун, каде завршил три месечна воена обука, совладувајќи ја вештината во ракувањето на ново применото оружје. Од Земун заминал на Сремскиот фронт со Бригадата и во нејзиниот состав учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт, како и во борбите за ослободување на повеќе градови и села. На 28 април 1945 година, во една од тие битки, кај Горешница бил убиен на бојното поле. Бил закопан на позицијата каде што загинал.[1]