Воденица е објект покрај река во кој се меле пченица и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата.

Стара воденица во Белгија

Првите записи за водениците потекнуваат од I век пред н.е. од страна на Антипат од Солун. Водениците биле вообичаена глетка во Европа до почетокот на индустриската револуција.