Кучкар (Лагадинско)
Кучкар (грчки: Γαλήνη , Галини, до 1927 Κοτσικάρ Коцикар до 1949 Κρύα Νερά, Крија Нера, Гирмита[2])[3] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Кучкар Γαλήνη | |
---|---|
Координати: 40°50′N 23°10′E / 40.833° СГШ; 23.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадина |
Надм. вис. | 610 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 161 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина и на 4 километри западно од Висока, на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 610 метри.
Историја уреди
Во XIX век Кучкар е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители Турци[4][5]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[6]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Галини.[7]
Демографија уреди
Во 1928 година селото броело 130 жители.[8], додека во 1940 година селото броело 156 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 127 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 152 жители, во 1971 година имало 48 жители, во 1981 година имало 87 жители, додека во 1991 година имало 107 жители[9]. Денеска, населението на селото е 161 жител според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 156 | 127 | 152 | 48 | 87 | 107 | 161 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи уреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κοτσικάρ -- Γαλήνη
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Βερτίσκος
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 106.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.