Горно Турманли (грчки: Ανω Ροδωνιά, Ано Родонија; до 1926 г. Τουρμανλή, Турманли[2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес населба на селото Биџова Маала во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè со 1920-тите било населено со Турци, а денес е населено со грчки дојденци и едно македонско семејство.[3]

Горно Турманли
Ανω Ροδωνιά
Горно Турманли is located in Грција
Горно Турманли
Горно Турманли
Местоположба во областа
Горно Турманли во рамките на Меглен
Горно Турманли
Местоположба на Горно Турманли во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°57.50′N 22°1.38′E / 40.95833° СГШ; 22.02300° ИГД / 40.95833; 22.02300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупновбројано во Биџова Маала
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Горно Турманли е сместено во средиштето на котлината Меглен, 4 км југозападно од С’ботско.[3] Денес е дел од селото Биџова Маала, а во минатото било дел од селото Турманли во кое било маало заедно со Долно Турманли.[4]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Селото е релативно ново, подигнато од Турци сточари од народноста Јуруци. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена в Цариград се вели дека во 1873 г Турман (Tourman) било село во Воденската каза со 27 куќи на 96 жители муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Торомин Махале живееле 225 Турци.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни Турманли (Горно и Долно) имало 35 турски куќи.[3]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото Турманли (сочинето од двете маала) е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 338 жители, кои во 1920 г. спаднале на 282.[3] Во 1920-тите населението на Турманли е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од таа земја. Во 1926 г. е преименувано во Ано Родонија.

Според пописот од 1928 г. селото Турманли било наполно дојденско, со 261 грчки дојденец од вкупно 65 семејства.[7] Во таа пописна година Горно Турманли почнало да се брои како одделно населено место, со 103 жители, кои во 1940 г. стамнале 127.[3] Во 1951 г. населението двојно се намалило, и сега имало 63 жители. Селото покажува периоди на наизменичен раст и опаѓање сè до 1991 г. кога имало 85 жители. Во текот на следното десетлетие веќе престанало да се смета за одделно место и почнало да се вбројува кон Биџова Маала како нејзина населба.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 127 63 91 60 45 85
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Земјиштето целосно се наводнува и затоа дава високи приноси. Главни производи се житото, гравот, овошјето, грозјето и др.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τουρμανλή -- Ροδωνιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 86.
  4. Дем Мъглен
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.