Врба (филм од 2019)

македонски филм од 2019 година

Врба — македонско-унгарско-белгиски филм од 2019 година во режија на Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото. Филмот е снимен во продукција на „Банана филм“, продуцент на филмот е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ник Пауел, директор на фотографијата е Тамаш Добош, дизајнер на продукцијата е Дејвид Манс, костимите се дело на Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач, асистент на режијата е Никола Ивановиќ, а директорка на кастингот е Милка Анчевска. Главните улоги ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Ратка Радмановиќ, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Гоце Влахов, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова итн.

„Врба“
РежисерМилчо Манчевски
ПродуцентЈане Ќортошев
Ник Пауел
Главни улогиНикола Ристески
Сара Климоска
Ратка Радмановиќ
Наталија Теодосиева
Ненад Нацев
Камка Тоциновски
Благоја Чоревски
Гоце Влахов
Петар Мирчевски
Лазе Манасковски
Катина Иванова
Марија Новак
МузикаКирил Џајковски
СтудиоБанана филм
ПремиераМакедонија Македонија
19 октомври 2019
ЗемјаМакедонија
Јазик


Улоги уреди

Глумец Улога
Сара Климоска Донка
Никола Ристески Милан
Наталија Теодосиева Родна
Ненад Нацев Бранко
Камка Тоциновски Катерина
Петар Мирчевски Ставре
Благоја Чоревски Манчо
Ратка Радмановиќ Баба Сребра
Лазе Манасковски Аврам
Катина Иванова Цена
Кире Ѓоревски Никола
Адем Карага Ука
Јелена Јованова Мелина
Ана Костовска Весна
Марија Новак др. Пешева
Гоце Влахов Шофер на автобус
Симон Манасковски Панчо

Синопсис уреди

Во филмот се раскажува за три млади мајки. Едната приказна се случува во средниот век, а другите две се современи при што трите приказни се надополнуваат. Главната тема во филмот е лојалноста и односот на поединецот кон општеството, како и односот на општеството кон поединецот.[1]

За филмот уреди

Снимањето на филмот почнало на 25 октомври 2018 година во мариовските села Штавица, Дуње и Зовиќ, а потоа снимањето продолжило во околината на манастирот Трескавец и во Преспа, а завршило во втората половина на декември во Скопје. Премиерата на „Врба“ била одржана на 19 октомври 2019 година на четиринаесеттото издание на Филмскиот фестивал во Рим, како прв македонски филм кој влегол во официјалната селекција на овој фестивал.[1]

Награди уреди

  • Најдобар долгометражен филм - Независен филмски вестивал во Велингтон, 2020
  • Најдобар наративен долгометражен филм - Синеквест, 2020
  • Мануел де Оливиера - Фантаспорто, 2020
  • Најдобар режисер - Рејнденс, 2020
  • Сребрена Палма - Валенсија, 2020

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Новиот филм на Манчевски премиерно ќе биде прикажан во Рим“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 16.

Надворешни врски уреди