Андреас Бек (роден на 13 март 1987 година) — германски, одбранбен фудбалер кој игра за Бешикташ. Неговата редовна позиција е десен бек.

Германија Андреас Бек
Лични податоци
Роден на 13 март 1987(1987-03-13)(37 г.)
Роден во Кемерово, СССР
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Бешикташ Бешикташ
Број 32
Младинска кариера
Штутгарт Штутгарт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Штутгарт II Штутгарт II 23 (1)
2006-2008 Штутгарт Штутгарт 27 (1)
2008-2015 Хофенхајм Хофенхајм 216 (3)
2015- Бешикташ Бешикташ 46 (0)
Репрезентација
2006-2007 Германија Германија 18 3 (0)
2007 Германија Германија 19 3 (0)
2007 Германија Германија 20 1 (0)
2006-2009 Германија Германија 21 27 (2)
2012- Германија Германија 9 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Ран живот уреди

Роден во Кемерово, Русија, Бек бил добро згрижен како дете, но сепак имал тешко детство. Кога тој бил на возраст од три години, неговото семејство емигрирало во Германија. "Никогаш нема да заборавам дека првично ние живеевме во караван." [1]

Кариера уреди

Штутгарт уреди

Бек ја започнал својата фудбалска кариера во ДЈК Васералфинген пред на возраст од 14, тој да се пресели во Штутгарт како негов прв клуб. Во 2005 година, Бек потпишал професионален договор со клубот. Следната година, Бек го направи своето деби во Бундеслигата за Штутгарт на 11 февруари 2006 година против Арминија Билефелд.[2] Пет дена подоцна, тој го направил своето европско деби појавувајќи се како замена во натпревар од Купот на УЕФА против Мидлзборо. Тој го постигнал својот прв гол за Штутгарт на 27 октомври 2007 година против Баер Леверкузен што резултирало со победа на Штутгарт од 1-0.[3]

Хофенхајм уреди

Откако не успеал да обезбеди постојано место во почетните единаесет на Штутгарт, Бек одлучил да го напушти клубот за да погледне кон нов предизвик и на крајот се преселил во Хофенхајм за вредност од околу 3.000.000 € на 4 јули 2008.[4] Бек го направи своето деби за Хофенхајм во натпревар од Германскиот куп кога Хофенхајм забелажал победа од 1-0 над Чемницер на 10 август 2008 година. Бек го направи своето лига-деби за Хофенхајм во победата од 3-0 над Енерџи Котбус на 16 август 2008 година. Веднаш по неговото доаѓање во клубот, Бек се воспоставил како еден од клучните играчи на тимот и добил многу повеќе време за играње во клубот отколку во Штутгарт. Во неговата прва сезона, Бек направил 30 лигашки настапи и имал две асистенции. Само Тобијас Вајс и Демба Ба биле на теренот во повеќе натпревари во текот на сезоната.

Во сезоната 2010-11, Бек бил најавен како нов капитен на клубот, наследувајќи го Пер Нилсон, кој го напуштил Хофенхајм и му се приклучил на Нирнберг. Тој го одиграл својот прв натпревар како капитен на 14 август 2011 година кога клубот забележал победа 4-0 над Ханза Рошток во првиот круг на Германскиот куп.

"Јас сум среќен за тоа што ми беше дадена оваа одговорност. Но, мојот приоритет останува да работам за успехот на клубот и ништо друго.".

— Бек, за тоа да се биде капитен. [5]

Во летото 2010 година, италијанскиот Јувентус покажал интерест да го доведе Бек во својте редови. Нивната понуда била прифатена од страна на Хофенхајм, но новиот тренер на Јувентус, Антонио Конте, решил сепак да го "земе" десниот бек на Лацио Стефан Лихтштајнер. Така Бек останал во Хофенхајм и го продолжил договорот со клубот до 2014 година. Во сезоната 2011-12, Бек го постигнал својот прв гол за Хофенхајм на 28 април 2012 во поразот од Нирнберг.

Репрезентативна кариера уреди

На 21 февруари 2007 година, тој го одигра својот прв натпревар за Германската репрезентација под 21-на година против Италија, откако претходно одиграл три натпревари за репрезентацијата под 19 години и под 18 години на DFB.

Поради неговите добри перформанси во Хофенхајм, Бек бил повикан на 5 февруари 2009 година за сениорската репрезентација и го направи своето деби против Норвешка во Диселдорф.

Бек бил вклучен и на прелиминарниот список од 30 играчи за Светското првенство 2010, но во конечните 23-ца играчи избрани од страна на Јоаким Лев се најдоа Денис Аого и Холгер Бадштубер, кој играат на неговата позиција. Откако беше изоставен од тимот за Светското првенство 2010, Бек верува дека неговото исклучување од тимот ќе му помогне да го забрза својот развој како личност и фудбалер.

Настапи и голови за националната селекција уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-2-2009 Диселдорф Германија   0 – 1   Норвешка Пријателска -
28-3-2009 Лајпциг Германија   4 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2010 -
1-4-2009 Кардиф Велс   0 – 2   Германија Квал. за СП 2010 -
9-9-2009 Хановер Германија   4 – 0   Азербејџан Квал. за СП 2010 -
14-10-2009 Хамбург Германија   1 – 1   Финска Квал. за СП 2010 -
18-11-2009 Гелсенкирхен Германија   2 – 2   Брег на Слоновата Коска Пријателска -
13-5-2010 Ахен Германија   3 – 0   Малта Пријателска -
11-8-2010 Копенхаген Данска   2 – 2   Германија Пријателска -
17-11-2010 Гетеборг Шведска   0 – 0   Германија Пријателска -
Вкупно Настапи 9 Голови 0

Титули уреди

  Штутгарт уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Andreas Beck: The Low-key guy“. Бундеслига. Посетено на 17 февруари 2012.
  2. „Spiele von Andreas Beck 2005/2006“ (германски). Fussballdaten.de. Архивирано од изворникот 2007-10-01. Посетено на 13 November 2007.
  3. „Andreas Beck“ (германски). Transfermarkt.de. Архивирано од изворникот на 2010-03-05. Посетено на 23 August 2010.
  4. „Hoffenheim sign Andreas Beck“. VfB.de. Посетено на 4 July 2008.[мртва врска]
  5. „Beck announced as new Hoffenheim captain“. 1899 Hoffenheim Official Website. 14 August 2010. Посетено на 1 February 2013.