Мзимта
Мзимта (руски: Мзымта; адигејски: Мэзмытӏэ) е река во Краснодарскиот Крај на Руската Федерација. Тоа е најголемата руска река која тече директно во Црното Море.
Мзимта | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Црно Море |
Особености на сливот |
Географски одлики
уредиРеката Мзимта тече од езерото Кардивач на Голем Кавказ, на надморска височина од 1 838 метри. Се влева во Црното Море по 89 км проток во јужните делови на градот Сочи (градска општина Адлер). Според некои хидрографски студии,во дел од протокот на Мзимта се вбројува и реката Горна Мзимта, која истекува неколку километри од езерото Горен Кардивач.
Вкупната површина на сливното подрачје што го вклучува крајниот југозапад на Краснодарскиот Крај е околу 885 км², а просечниот проток во зоната на устието е околу 45,6 m³/s (максималниот проток е 764 m³/s).
Во горниот дел на потокот, речната долина има кањонски карактер, а самиот поток се одликува со голем пад и бројни каскади. По нејзината долина минуваат бројни превои низ кои важните сообраќајни патишта го поврзуваат крајбрежјето со внатрешноста. Најголем водопад е Изумруднијски со висина од 15 метри. Во средниот и долниот дел на потокот, тој тече преку пространата Имеретинска низина, на чиј западен крај го завршува својот тек, влевајќи се во Црното Море. Целата Имеретинска рамнина претставува алувијална рамнина формирана со наносени материјали од горниот тек на реките Мзимта и Псоу. Реката има нивален режим на хранење, а највисок водостој е пролетта кога снегот се топи во планинските делови на нејзиниот слив и кога врнежите се поинтензивни, а потоа нивото на водата во реката се зголемува за повеќе од 5 метри.
Постојат многу термоминерални извори во сливот на реката Мзимта. Во средниот дел на протокот, на десниот брег, над реката, се издига Ахстирската пештера, во која се пронајдени материјални докази за постоењето на праисториските човечки заедници во тоа подрачје.
Во горниот и средниот дел на протокот, неговите брегови се обраснати со густи шуми од бука и костен, а шумите од дива круша и орев не се ретки. Во долниот дел од протокот, бреговите првично биле прилично калливи и под мочуришна вегетација, но поради обемни мелиоративни работи, мочуриштата биле исушени.
Економско значење
уредиНајважните населби што лежат на брегот на реката се гратчето Краснаја Полјана и градската општина Адлер (дел од градот Сочи). Најголемата хидроцентрала на реката се наоѓа во близина на Краснаја Полјана, а се планира изградба на друга ваква електрана низводно од постојната.
На реката се наоѓа голема фарма со пастрмки, која била отворена во 1917 година.
Реката е популарно туристичко одредиште за љубителите на сплаварење, додека планинските падини во нејзиниот басен се популарни ски одредишта. Краснаја Полјана е означена како центар на дисциплините во алпско скијање за време на Зимските олимписки игри 2014 година чиј домашен град е Сочи.
Поврзано
уредиКористена литература
уредиНадворешни врски
уреди- Реката Мзимта во Големата советска енциклопедија.