Смол
Смол или Смољ (грчки: Μικρό Δάσος, Микро Дасос; до 1927 г. Σμόλη, Смоли[2]) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 38 жители (2011).
Смол Μικρό Δάσος | |
---|---|
Координати: 41°4.11′N 22°34.15′E / 41.06850° СГШ; 22.56917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | 150 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 400 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61200 |
Повик. бр. | 23430 |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Бојмија, 8 км северно од Ругуновец и 6 км јужно од граничниот премин Мачуково, долж магистралата Солун - Скопје (А1).[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелската црква „Св. Архангели“ е подигната во XIX век од видниот градител Андон Китанов.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смол (Smol) било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 32 домаќинства и вкупно 145 Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смол имал 160 жители, сите Македонци.[5][7] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Смол имало 168 Македонци под егзархијата[5] и во него работело бугарско училиште.[8] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 35 македонски куќи.[3]
Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМРО.[9] На почетокот на 1905 г. во Смол избил судир помеѓу македонска чета и турската војска, која завршила со тројца мртви од турска страна и еден ранет од македонска. По ова селото било подложено на значајни репресии: црквата била ограбена, а многу жители биле уапсени и претепани.[10] На 1 март истата 1905 г. четите на Апостол Петков и Сава Михајлов биле обиколени од турската војска и башибозукот. Ова петчасовно крвопролевање, познато како Битка кај Смол, завршило со смртта на 40 четници и самоубиството на војводата Сава Михајлов се самоубил. Единствено се спасил војводата Апостол, кој бил ранет во петата, заедно со неговиот четник Илија Личев. Тие се префрлиле крај Ениџевардарското Езеро, а потоа и крај Арџанското.[11]
Во Грција
уредиСелото речиси целосно настрадало во Втората балканска војна, а неговото население пребегнало во Струмица, Гевгелија и Бугарија.[3] Истата 1913 г. Смол бил припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор, а во селото останал само 21 жител[3] Во 1924 г. грчките власти на местото на иселените Македонци довеле Грци од Понд и Кавказ. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 93 семејства од вкупно 360 грчки доселеници.[12] Претходната 1927 г. селото е преименувано во Микро Дасос, што во превод значи „мала шума“.[13]
Во следниот период, селото доживеало значаен пораст, така што во 1940 г. достигнало 623 лица. Во 1951 г. населението изнесувало 600, а во 1961 г. — 613 жители. Потоа почнало да опаѓа: во 1971 г. се заведени 426 жители, во 1981 г. бројката се зголемила на 510, за повторно да опадне на 415 жители во 1991 г.[3] Во 2001 г. повторно е забележан пораст со 512 жители, па повторно пад на 400 во 2011 г.
Селската црква „Св. Архангели“ е прогласена за историски споменик на 27 јуни 1987 г.[14]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 623 | 600 | 613 | 462 | 510 | 415 | 512 | 400 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото се смета за сиромашно, иако е сместено во поле. Главни земјоделски производи се пченицата и тутунот, а донекаде застапено е и сточарството, особено краварството.[3]
Родени во Смол
уреди- Григор Стојанов — револуционер, деец на ВМРО[9]
- Иван Смоларски (1877–?), македоно-одрински борец, 1 и 4 чета на 14 воденска дружина[15]
- Иван Тодев (?–1905) — револуционер
- Лазар Вантов — револуционер, деец на ВМРО[9]
- Мицо Арџанлиев — револуционер, деец на ВМРО[9]
- Стојко Чурлинов и синот Христо — револуционери, дејци на ВМРО[9]
- Јано Белчев — револуционер, деец на ВМРО[9]
- Јано Кехајов (?–1901) — револуционер
- Санда Трајанова род . Арџанлиева (1904 - 1985) Смољ - Гевгелија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμόλη -- Μικρό Δάσος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 123.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 151.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 194-195.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 50, ISBN 9549514560
- ↑ Лабаури, Дмитрий Олегович. Болгарское национальное движение в Македонии и Фракии в 1894—1908 гг: Идеология, программа, практика политической борьбы, София 2008, с. 140—141.
- ↑ Петров – Македонски, Благой. Наранена земя, Бургас, 1995, стр. 82
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 619.
Надворешни врски
уреди- Смол на Ризницата ?
- Страница за Смол на грчки портал за Сехово (Идомени) (грчки)