Арџанско Езеро
Арџанско Езеро или Арџански Ѓол (грчки: Λίμνη Αρζάνη/Αρτζάν, Лимни Арзани/Арѕани) — мало блатно езеро во Кукушко, Егејска Македонија. Сместено е на територијата на општината Пајонија. Зафаќа површина од 1,4 км2 и длабочина од 3 до 6 м. Со тоа, езерото е трето по големина во Кукушкиот округ, по Дојранското и Горчливото Езеро.
Арџанско Езеро Λίμνη Αρζάνη | |
---|---|
Карта на некогашното Арџанско Езеро (горе), заедно со Аматовско Езеро (доле) | |
Координати | 41°02′01″N 22°38′58″E / 41.0336° СГШ; 22.6494° ИГД |
Вид | блато |
Главни приливи | Ѓолаја, Селемлиска Река |
Главни истеци | Ѓолаја |
Сливни земји | Егејска Македонија, Грција |
Најг. должина | 2,1 км |
Најг. ширина | 0,9 км |
Површина | 1,4 км2 |
Прос. длабочина | 4 м |
Надм. височина | 60 м |
Населени места | Арџан |
Има трапезоиден облик, со страни од 960, 400, 1.700 и 1.970 метри и најголема должина од 2.100 метри. Блатото сезонски го посетуваат преселни птици како кадравиот пеликан (Pelecanus crispus) и претставува важно одмориште при нивиот преселбен лет. Ова е и популарно место за љубителите на природата од овој крај.[1][2]
Историја
уредиДенешното блато е јадрото преостанато на доста поголемото езеро со исто име кое е пресушено во периодот од 1928 до 1932 г. Старото езеро претставувало северен дел на езерска целина Арџан-Аматово, бидејќи тогаш Арџанското Езеро било поврзано со Аматовското преку природен канал.
Крај езерото во 1904 г. е одржан околискиот Арџански конгрес на ВМРО по Илинденското востание, на кој е избрано новото раководство на Кукушкиот револуционерен округ.[3]
Денешното езерце е обновено во 2000-те со прокопување на брегот во висина од 8 м, за да може да се исполни со вода и да се користи за наводнување на околните површини низ изградената мрежа. Водата доаѓа од реките Ѓолаја и Селемлиска Река кои се слеваат заедно малку понасевер и се насочуваат кон езерото.[4][5][6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Greece.com, Λίμνη Αρτζάν, Αντικατοπτρισμοί
- ↑ wikimapia, Ταμιευτήρας νερού Αρτζάν - Αματόβου
- ↑ Гошев, Петър (2001). „Революционното движение в град Кукуш от 1903 до 1913 година“. Македонски преглед. София: Македонски научен институт. 30: 112.
- ↑ Μαχητής, 22 Νοεμβρίου 2015, Τα εγκαίνια αποξήρανσης των λιμνών Αρτζάν - Αματόβου από τον Ελευθέριο Βενιζέλο το 1929, Χρήστος Ίντος
- ↑ Άσπρος, Λίμνη Αρτζάν Αματόβου[мртва врска]
- ↑ Χρονοντούλαπο, Η ληστεία της Φαουντέσιον, Παύλος Παπανότης, 9 Δεκεμβρίου 2012
Надворешни врски
уреди- Снимка на езерото Архивирано на 14 октомври 2016 г.