Смислата на животот (филм)

(Пренасочено од Смислата на Животот)

„Смислата на животот според Монти Пајтон“ е британски филм (комедија/мјузикл)од 1983 година, продуциран и режиран од групата „Монти Пајтон“. Филмот претставува збир на неколку скечеви кои ги опишуваат различните фази во животот и претставува враќање кон оригиналниот формат на Летечкиот Циркус на Монти Пајтон. Истовремено, ова е последниот долгометражен филм на „Монти Пајтон“. На Канскиот филмски фестивал, филмот ја освоил Големата награда на жирито, а бил номиниран и за „Златната палма“. Исто така, бил номиниран и за наградата на БАФТА за најдобра оригинална песна (Every sperm is sacred).[1]

„Смислата на животот според Монти Пајтон“
„На Бог му беа потребни шест дена за да ја создаде земјата… на Монти Пајтон само 90 минути да ја зезнат!“
РежисерТери Џонс
ПродуцентЏон Голдстон
СценаристГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Главни улогиГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера1 април 1983
Времетраење107 минути
ЈазикАнглиски
Буџет$9 000 000
ПретходенМонти Пајтон во живо на Холивуд Боул

Синопсис

уреди

Филмот се состои од неколку чинови во кои се разработуваат повеќе важни прашања, како што се: раѓањето и контролата на раѓањето, образованието, армијата, современиот живот, религијата, донирањето органи, исхраната и смртта. Притоа, во една болница, лекарите се интересираат за опремата, наместо да ѝ посветат внимание на родилката; едно сиромашно католичко семејство има многу деца кои мора да бидат предадени во болницата како предмет на експерименти; учениците во едно католичко училиште присуствуваат на чудна црковна служба и на необично предавање за сексот; армискиот офицер се соочува со војници кои не сакаат да маршираат во касарната; за време на војната, група војници гинат давајќи му поклон на својот офицер; во друга војна, англиските офицери уживаат додека нивните војници умираат, а еден офицер на необичен начин ја губи ногата; средовечен пар оди во ресторан каде на менито се нуди разговор за философијата; двајца болничари упаѓаат во еден дом, насилно земајќи му го хепарот на еден човек; во друг ресторан пристигнува неверојатно дебел човек кој, откако ќе исповрати сè околу себе, повторно се прејадува; еден осуденик го брка група голи девојки и тој умира така што паѓа од висок гребен; а група пријатели ги посетува Смртта и тие заминуваат во рајот.[2]

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи

уреди


Монти Пајтон  
Членови Греам ЧепменЏон КлизТери ГилијамЕрик АјдлТери ЏонсМајкл Палин
Филмови и ТВ серии Летечкиот циркус на Монти Пајтон  • А сега, нешто сосема различно  • Монти Пајтон и Светиот Грал  • Житието на Брајан според Монти Пајтон  • Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул  • Смислата на животот