Село

мала човечка населба помала од град, со население од неколку стотина жители
(Пренасочено од Села)
Ова е статија за тип на населено место. За средината (рурала), видете: Село (средина)

Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население (денес 100 и повеќе жители). Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.[1]

Белимбегово (Илинден) — пример за големо приградско село во Македонија
Галичник - западномакедонско планинско село
Селото Касл Кум во Вилтшир, Англија

Селски населби во Македонија

уреди

Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.

Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:

  • Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
  • Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
  • Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
  • Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите одлики на селото.

Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.

  • Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
  • Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
  • Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).

Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.

Селото како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Селото како тема во книжевноста

уреди

Селото како тема во народната книжевност

уреди
  • „Си поминав низ село“ - македонска народна песна.[2]
  • „Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.[3]
  • „За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.[4]
  • „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.[5]
  • „Селанецот што го надитрил аптекарот“ - македонска народна приказна.[6]
  • „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[7]

Селото како тема во книжевноста

уреди

Селото како тема во музиката

уреди
  • „Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.[25]
  • „Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[26]
  • „Во наше село“ — песна на македонската етно група „Synthesis“.[27]
  • „Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[28]
  • „Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1988 година.[29]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. атар“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21.
  3. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 136-140.
  4. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 146-148.
  5. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8.
  6. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 67-68.
  7. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.
  8. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 57-58.
  9. Петре М. Андреевски, Последните селани (второ издание), ЗУМПРЕС, Скопје, 1999
  10. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 132-133.
  11. Joseph Frank, Dostoevsky. The Years of Ordeal 1850-1859, London, 1983, p. 264.
  12. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 201.
  13. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 60-65.
  14. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 33.
  15. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 49.
  16. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 68-69.
  17. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 36-37.
  18. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 23.
  19. Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
  20. Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 10-11.
  21. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 57-58.
  22. Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 5.
  23. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 218.
  24. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  25. YouTube, New Order - Power, Corruption & Lies (пристапено на 16.12.2017)
  26. YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017)
  27. ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“.
  28. DISCOGS, The Stranglers ‎– No More Heroes (пристапено на 4.5.2021)
  29. Discogs, Happy Mondays ‎– Bummed (пристапено на 9.3.2021)