Црква „Св. Константин и Елена“ - Свеќани
манастирска црква кај Свеќани, Велешко
Св. Константин и Елена — православна манастирска црква кај велешкото село Свеќани, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Константин и Елена
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Парохија | Градска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°35′43″N 21°50′02″E / 41.59528° СГШ; 21.83389° ИГД |
Место | Свеќани |
Општина | Градско |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Константин Велики и Елена |
Изградба | ΙΧ – Χ век 1930-ти (преградба) |
Живопис | X и XIII век |
Архитектонски опис |
Првичната црква датира од крајот на IX до почетокот на X век. Проучена е археолошки во 1965 г. Во првата фаза била еднокорабна црква без купола со ниска однадвор полукружна апсида. Во втората градежна фаза коработ на храмот е значително издолжен на запад. Откриен е фрагмент од натпис со кирилски и глаголски букви според кој е датиран првиот храм. Првиот слој фрески е од X, а авториот од XIII век.[1]
Во 1930-тите е изграден нов храм.[2] Остатоците од првиот храм сочинуваат свое археолошко наоѓалиште со назив Панаѓуриште.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1327. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „Парохија Градско - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 30 јуни 2008. Посетено на 29 август 2017.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 81. ISBN 9989-649-28-6.