Црква „Св. Атанасиј“ - Свеќани

црква во Свеќани, Велешко

Св. Атанасијправославна црква во велешкото село Свеќани, Општина Градско. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Свети Атанасиј

Фреска од црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Градска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′56″N 21°51′01″E / 41.59889° СГШ; 21.85028° ИГД / 41.59889; 21.85028
Место Свеќани
Општина Градско
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба XIX век
Архитектонски опис

Црквата е сместена во западниот дел на селото. Изградена е и живописана во XIX век. Денес е запуштена во урнатини.[2]

Четвороевангелие

уреди

Од оваа црква потекнува четвероевангелие од XVI век,[3] прибрано од велешкиот фолклорист Тодор Ецов и потоа оставено во Велешката митрополија од Гошо Владикостов според приписка од 13 март 1897 г. Во 1920-тите е земено од тогашниот битолски митрополит Јосиф Цвијовиќ и денес се чува во Библиотеката на Белградскиот универзитет. На задната корица има приписка од поп Арсо Марко од 1859 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Дел од црквите во велешко останаа само на фотографии (фото)“. Ти Реков Ми Рече - Сè за мојот Велес. Посетено на 24 јуни 2016.
  3. Факсимил на Четвероевангелието од Свеќани