Панаѓуриште (Свеќани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Панаѓуриште“
| |
Местоположба | 41°35′52″N 21°51′11″E / 41.59778° СГШ; 21.85306° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Свеќани |
Општина | Градско |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Панаѓуриште или Св. Константин и Елена — археолошко наоѓалиште во велешкото село Свеќани. Претставува средновековна црква и некропола. На 3 км југозападно од селото, на североисточната страна на ридот Св. Констатин и Елена се наоѓаат остатоци од манастирска црква изградена кон крајот на IX век и на почетокот на X век. Подоцна, во XIII и XIV век, црквата била преѕидана и доградена. Од нејзината западна страна се гледаат гробови со конструкција од камени плочи. Во црквата бил ѕидан и еден надгробен споменик - стела, а во западниот ѕид на другата црква (од 1888 година), која се наоѓа во непосредната близина, е вѕидан натпис кој го споменува името на градот Аргос.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 81, ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |