Премиер на Сингапур

Премиерот на Сингапур e шеф на владата на Република Сингапур. На функцијата доаѓа откако претседателот на државата ќе назначи пратеник кој, по негово наоѓање, ќе има највеќе доверба во парламентот.

Премиер на
Република Сингапур
Lee Hsien Loong - 20101112.jpg
Функционер
Ли Сјен Лунг

од 14 август 2004 г.
СедиштеШри Тамасек
НазначувачСелапан Раманатан
(како претседател)
Мандат5 г., обновлив.
Премиерот мора да го распушти парламентот најдоцна на секои 5 години. Премиер станува водачот на најголемата партија.
Прв функционерЛи Куан Ју
Создадена3 јуни 1959
ПлатаS$2,2 мил. годишно
Мреж. местоhttp://www.pmo.gov.sg/

Функцијата е создадена во 1959 г, и првиот премиер е назначен од страна на тогашниот управник (гувернер) Јанг ди-Пертуан Негара со добивањето на самоуправен статус во рамките на Британската Империја. Звањето „премиер“ останало непроменето по обединувањето на Федерацијата Малезија, Саравак и Британско Северно Борнео, кога сојузна држава на Малезија од 1963 до 1965 г. и по осамостојувањето во 1965 г.

Прв носител на функцијата е Ли Куан Ју, од нејзиното основање во 1959, па сè до 1990 г. По него, на функцијата застанал Го Чок Тонг, а Ли Ју ја добил титулата „виш министер“ (Senior Minister) во службата на премиерот. Го се повлекол во 2004 г. и на негово место дошол синот на Ли Куан Ју, Ли Сјен Лунг. Тогаш титулата виш министер му припаднала на Го, а Ли бил прогласен за „министер-ментор“.

Список на премиери на СингапурУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди