Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм/Архива 2

Предлози за август уреди

 
Ингмар Бергман (1918-2007), шведски драмски и филмски режисер. Фотографијата е земена за време на продукцијата на Диви јагоди (Smultronstället) (1957)

За август на порталот да одат Јуриј Норштејн за биографија, а Хари Потер и Каменот на мудроста (филм) за статија (бидејќи е доста проширена статијата). За избрана слика може оваа прикажаната, за Ингмар Бергман (имаме неколку статии за негови филмови, а и фотографијата е мн. убава). Мислења, коментари, предлози, за/против? Brainmachinewtf? 12:37, 24 јули 2008 (UTC)


   --Виктор Јованоски 14:45, 24 јули 2008 (UTC)    Ако потсоберам малку енергија, за Ингмар Бергман ќе има многу поголема статија, а исто така и за мојот втор најомилен филм - Персона. И кога сме веќе кај омилени филмови - уште отсега да запишам дека за следниот месец ја предложувам за избрана статија Син сомот и за избрана биографија Андреј Тарковски (само не во нова секција, зашто треба да се поработи малку на вторава и зашто поентата на коментаров е да не ги заборавам).
   Супер сега овие денови што преостанаа од јули ќе ја проширам страната за Хари Потер чим е одбрана позз.--Макс(разговор) 15:09, 26 јули 2008 (UTC)

   Се согласувате ли вака? За август да ни биде Син сомот, а за септември Хари Потер? Бидејќи гледам дека Син Сомот е доста средена со сѐ, а на Хари Потер му е потребно уште работа, па да не се брзаме со проширувањето? Brainmachinewtf? 15:27, 26 јули 2008 (UTC)

   Само делумно: се согласувам со аргументот на Brainmachine, но лично би сакал да биде Син сомот избрана статија за септември (поради тоа што на 12 септември му е премиерата). Сепак, ако се договориме за август да биде Син сомот, ќе ја предложам статијата за избрана неделата кога паѓа 12 септември - тој ден во секој случај ми е резервиран за Син сомот.

 Ок Решено е, за август Хари Потер, а за септември Син сомот. Brainmachinewtf? 18:59, 26 јули 2008 (UTC)

   Епа ќе ја средам Хари Потер само од тебе ми треба помош во превод на имињата да видиш дали се добри ОК.--Макс(разговор) 10:59, 29 јули 2008 (UTC)

М-р Игор Старделов, раководителот на филмскиот архив на Кинотека на Македонија - од кого, ако добро се сеќавате, пред еден месец добивме дозвола за користење на текстовите од МИФЦ на Википедија - вечерва ми испрати една порака која сериозно треба да повлече иницијатива за уредување на статиите поврзани со македонските филмови. Истата следи во продолжение:

Здраво Виктор
Деновиве имав малку повеќе време и ја разгледував категоријата филм на Википедија на македонски јазик.
Оваа команда copy/paste е извонредна. Некој бил мрзлив и се интимизирал со неа, изгледа. Барем, кога е во прашање МИФЦ.
Знам дека е потребно многу работа и време „за да се исполнат стандардите за квалитет“ и да се имплементира шаблонот за користење на податоците од МИФЦ, но ова што го видов при разгледувањето на македонскиот филм, најблаго речено, е навистина запрепастувачки. Има толку многу податоци препишани, или ако сакаш копирани, што можеби никогаш нема да ги добијат потребните назнаки.
Дали е возможно да превземете нешто околу тоа, или да не се проширува категоријата, или тие што партиципираат да го користат шаблонот или, не знам, нешто друго.
Знаеме за значењето на Википедија, но имајте малку респект и кон нашиот труд, а вие најдобро знаете колку време и работа е потребно за да се дојде до она што е МИФЦ.
Срдечни поздрави од Кинотека на Македонија
Со почит,
М-р Игор Старделов
Раководител на филмскиот архив
Кинотека на Македонија
Никола Русински бр.1, П.ф.16
1020 Скопје
Тел: + 389 2 3071-814
Факс: + 389 2 3071-813
www.maccinema.com

Како што најверојатно имате забележано последниве неколку недели сум поприлично отсустен од Википедија - низа обврски ме спречуваат активно да учествувам и допринесувам во проширувањето на нашата енциклопедија. Така веројатно ќе биде се до почетокот на септември, па оттука ве замолувам нешто да преземете во меѓувреме. Јас ги поставив шаблоните за МИФЦ и внимание на почетокот на секоја од статиите во категоријата македонски филмови, но, сега засега тоа е се што можам да направам зашто до крајов на месецов треба на два пати да патувам и нема да бидам во можност да користам интернет. Јас веќе му одговорив на господинот Игор Старделов и во пораката напишав дека до крајот на септември ќе ги средиме сите статии за македонските филмови. Бидејќи своеволно го поставив рокот, чинот на средување го сметам и како лична обврска, па од втори септември (кога најдоцна би требало да ми завршат обврските), се до крајот на наредниот месец, ќе се посветам во целост на средување на наведениве статии. Ако има некој заинтересиран, го повикувам да се приклучи, т.е. го повикувам да почне со средувањето на статиите пред јас да се приклучам. Во продолжение, следи и пораката што, во име на Википедија, му ја вратив на господинот Старделов:

Здраво Игор,
Драго ми е што деновиве сте имале слободно време и што истото сте го посветиле на разгледување на текстовите поврзани со македонските филмови на Википедија - нешто што, последниве две-три недели, низа обврски ме спречуваат да го направам.
Како што добро сте забележале - примамливоста на командата copy/paste комбинирана со мрзеливоста што, несомнено, е особина (состојба, порадо би рекол) што неретко и кога-тогаш не оптоварува сите, имаат предизвикано низа проблеми на Википедија кога во прашање е квалитет на статиите. Во случајот со МИФЦ, со оглед на фактот што изворните текстови се македонски - што е вистинска реткост, зашто огромен број на статиите на македонската Википедија се всушност преводи на статии напишани на други јазици - ваквиот чин има и повеќе од погубни резултати - ниту еден, значи ниту еден македонски филм не добил статија каква што заслужува на македонската Википедија. Како што можете да видите овде, идеја за средување на овие статии веќе постои. Потребна е само иницијатива. Истата - од низа причини - засега отсуствува. Сега за сега не можам да ви ветам многу. Особено не од аспект на квалитетот на статиите. Во однос на ознаките се обидов да бидам ефективен и уште вечерва да ги завршам - значи, сите македонски филмови што можете да ги видите овде веќе имаат ознаки што посочуваат од каде е преземен текстот и колку истиот треба да се доработи за да ги исполни стандардите за квалитет. Исто - со примарна идеја и во обид да се покрене иницијативата што недостасува - овде ја поставив Вашата порака и мојот одговор.
Како што ви реков, во текот на целиот август бев зафатен. Од истите причини ќе бидам во неможност да придонесам во средуањето на статиите во наредниве десетина дена. Сепак, најдоцна до 2ри септември, би требало повторно да бидам слободен. Оттука, моето ветување би гласело вака: до средината на септември (15ти или 16ти септември) тимот на Википедија ќе се обиде да уреди половина од статиите што содржат текст од страницата на МИФЦ, а останатите ќе се обиде да ги комплетира до крајот на следниов месец. Доколку и тогаш не сте задоволни со начинот на којшто се одвива работата, Ви ветувам дека ќе спроведеме многу поригорозни мерки, а доколку сметате дека е потребно, дури и ќе ги отстраниме сите статии што се директно пренесени од страницата на МИФЦ.
Текстовите што се издадени на Вашата страница и се посветени на македонските филмови се одлични и премалку е да се каже дека чувствуваме само почит кон Вашата работа. Истите не се само оној вообичаен склоп од кратка содржина и основни информации што е толку чест на повеќето филмски страници што може да се пронајдат на мрежата. Стручните анализи и внимателните и опсежни рецензии со изразен субјективен карактер се и најдобар аргумент дека интернет-страницата на МИФЦ не е само проект што е плод на благородната желба да се промовира и зачува македонскиот филм, туку и многу повеќе - ако смеам да цитирам една мисла на Роџер Еберт за filmsite.org - проект на љубов. А еден таков проект е и Википедија. Оттука, речиси во целост сум сигурен дека нема да ја изневериме Вашата доверба.
Искрено,
Виктор Јованоски,
администратор на Википедија на македонски јазик.
Уф, Виктор, ова е сериозно. Не смееме да ја злоупотребиме премногу љубезната дозвола која ни ја дадоа од МИФЦ. Јас се преокупирав со слики во последно време, но сега ќе се посветам на филмските статии. --Brainmachinewtf? 01:17, 21 август 2008 (UTC)

Ни требаат големи статии уреди

За порталот филм нема многу добри статии за да можат да бидат ставени за статии на месецот. Септември ќе преживееме, ама за октомври мислам дака нема да има многу добри статии за избран филм и за биографија. -- dav(разговор) 21:30, 15 септември 2008 (UTC)

Забележано. Овој период да се нафанеме со работа. Може ли да го предложам Ханибал Лектор за статија, може малце да поработиме на неа? --Brainmachine (разговор) 16:37, 16 септември 2008 (UTC)
Јас се согласувам со тебе Зоки но Ханибал е измислен лик!? Незнам дали такви ставаме во избрана биографија, а бидејќи ти си главен на порталот кажи ако бираме нема проблем тогаш ќе поработиме и на други измислени ликови за понатаму. Инаку се согласувам!!! --Макс(разговор) 08:51, 17 септември 2008 (UTC)
Ако нема подобра, за биографија ви ја предлагам мојата статија за Педро Алмодовар. За филм не знам, ако изберете некоја што е недопишана, ќе се обидам да преведам некој дел.--Игор (разговор) 09:17, 17 септември 2008 (UTC)
Абе предложувате некои бедни статии, а ја заборавивте легендата. Ако е дозволено за фиктивни ликови земете го Борат. Има доста опширна статија, уште малку, и може да се предложи дури и за избрана статија на главната страна. Туку за филм шо ќе правиме? -- dav(разговор) 20:41, 17 септември 2008 (UTC)
Всушност, не ни требаат големи, туку добри статии. Јас се обидував да ги потсредам оние за македонските филмови (види ја погорната секција), па повеќето од овде се, барем според мене, солидни статии. За барем десетина е доволно сосема мало проширување и веќе да имаме кандидат за избрана на порталов. А инаку кога се во прашање фиктивните ликови - мислам дека нема апсолутно никаква разлика кога е во прашање филмот меѓу реална и фиктивна личност: после Кога јагнињата ќе стивнат, кога и да го видам Ентони Хопкинс, помислувам на Ханибал Лектор. Со други зборови: нема причина зошто да не можат да бидат избрани и статиите за, условно речено, фиктивните ликови. --Виктор Јованоски (разговор) 22:46, 20 септември 2008 (UTC)

Македонски филмови и МИФЦ уреди

Се надоврзува на погорната секција. Значи, според ветувањето, оваа порака му беше пратена на м-р Игор Старделов на 16ти септември:

Здраво Игор,
Најпрво да ви се заблагодарам вам, а и на целата екипа што стои зад Македонскиот Информациски Филмски Центар не само за можноста што ни ја дадовте да ги користиме текстовите од Вашата страница, туку и за трпението што го имавте изминатиов период, на тој начин давајќи ни доволно време да ги уредиме соодветните статии. Во минатата порака, јас, од името на Википедија тимот, ветив две нешта: 1) дека до средината на септември (15ти или 16ти) ќе се обидеме да уредиме половина од статиите што содржат текст од страницата на МИФЦ и 2) дека нема да ја изневериме укажаната доверба. И бидејќи веќе пристигна роковната дата, ќе се обидам накратко да ви прикажам што работеше изминатиов период тимот на Википедија за на тој начин да имате можност да ни кажете дали сте задоволни и дали второто ветување е барем делумно исполнето.
Што се однесува до првото, Википедија тимот е и повеќе од задоволен од својата посветеност и постигнатите резултати. Имено, не половина, туку безмалку сите статии посветени на македонските филмови - кои, верувам, се сеќавате, пред иницијативата не беа ништо повеќе од приказ на работата на copy/paste командата - сега се средени и компатибилни со сите Википедија стандарди. И - а ова ми е големо задоволство да го кажам - без разлика на дозволата, голем дел од нив се плод на наша истражувачка работа и текстовите од МИФЦ ги користат само како референтно тело и непроценлив извор на информации.
Но, се по ред. Најпрво, значи, се работеше на категоризација на статиите што имаат каква и да е врска со македонската кинематографија, што резултираше со следниов шаблон, кој, како што можете да видите, дава можност за мошне концизно и прецизно вмрежување на статиите што ни се од интерес. Потоа беше изработена оваа листа на македонските филмови, а симултано и еден шаблон што овозможува лесна навигација низ општите статии за македонскиот филм и неговата хронологија. За жал, најопштата, изворна статија - Македонска кинематографија - засега не е средена, но тоа не е поради незаинтересираност да се направи ова, туку, сосема напротив, поради тешкотијата што една таква работа ја носи со себе и намерата оваа статија да биде една од врвните во нејзе епонимната констелација на статии: како што ќе видите, таа статија не е ништо повеќе од комбинација на неколку секции од страницата на МИФЦ, но, деновиве, откако ќе биде спроведено соодветно истражување, и таа ќе биде уредена. Во истиот шаблон, покрај овие две статии ќе видите уште една - Листа на македонските кандидати за Оскар; со цел да се даде целосен преглед на сите македонски филмови кои биле почестени со ваква можност, се очекува изработка и на статијата Листа на југословенски филмови понудени за номинација за Оскар (за да не бидат изоставени Црно семе и Среќна Нова ’49). Секако, ова ви го соопштувам чисто информативно, зашто во наведената статија не се користи никаков текст од МИФЦ.
Доколку имате време, можете слободно да ја разгледате - сите 37 филма што ќе ги најдете таму беа подложени на интервенции и уредувања, а 35 од нив се и комплетирани. Само за Пред дождот и за Прашина не можеме да го кажеме тоа, бидејќи работата на нив почна пред малку. Како што ќе забележите, ниту кај нив, а ниту во една друга статија од современата македонска кино-продукција не е користен текстот од секцијата резиме што е редовна на соодветните статии од страницата на МИФЦ. Причината: токму кај нив се забележува целата љубов која што тимот на МИФЦ ја има вложено при креирањето на страницата, па сметавме дека би било сосема неправедно - така да кажеме - да ја злоупотребиме Вашата дозвола и, едноставно, да го препишеме вашиот труд.
Токму ова, пак, беше инспирација и ние да направиме нешто такво, па, како што веќе ви напомеав, ова резултираше со оригинална истражувачка работа на Википедија тимот кој се обиде да ги разгледа повеќето рецензии и осврти на филмските критичари што се достапни на интернет (секцијата Резиме од Вашата страница беше, исто така, третирана како таква) и истите да ги конципира во соодветните статии во секција со наслов Реакции. За повеќето филмови - исклучок се само оние за кои немавме можност да се потсетиме - одново ја пишувавме содржината. Па така, не е тешко да видите дека многу од статиите - Бал-кан-кан, Викенд на мртовци, Збогум на 20-тиот век, Илузија, Исправи се, Делфина, Македонска крвава свадба, Мис Стон, Преку езерото, Сенки, Среќна Нова ’49, Тетовирање, Тајната книга... - се, всушност, во голема мера, плод на неуморната работа на тимот на Википедија, кој се потруди и да изгледа неколку филма и да консултира што е можно повеќе извори и истите да ги искористи при конструирањето на статиите.
Сепак, без разлика што се потрудивме, за безмалку ниту еден од филмовите на браќата Манаки не можевме да најдеме релевантен онлајн извор. Од оваа причина, тие статии се единствените кои користат текст од МИФЦ во поголема мера. Нормално, ова е и назначено на самиот врв на страницата помош на шаблонот кој веќе Ви го презентиравме. Кога сме кај браќата Манаки и нивните филмови, и за нив беа изработени два мали шаблони за полесна навигација низ поврзаните статии (Избрани филмови на браќата Манаки и Циклус филмови на браќата Манаки за Младотурската револуција). Како еден посебен омаж кон Вашата работа, покрај врската кон соодветната статија на Вашата страница во секцијата Надворешни врски, додадовме и еден линк од самата инфокутија; доколку ја посетите страницата на кој и да е филм (освен Сенки за кој се уште нема статија на maccinema.com), ќе можете истиот да го видите на дното од инфокутијата.
Привршувајќи ја поракава, сфаќам дека токму МИФЦ послужи како некој вид на катализатор за нашата работа. Уште повеќе (ќе си дадам слобода да кажам): без Вашата дозвола, средувањето на статиите поврзани со македонските филмови сигурно ќе се оддложуваше до недоглед. Па така, на некој начин, чувствувам потреба да ви се заблагодарам и за тоа.
Но нормално, нашата работа ни оддалеку не е завршена. Истовремено, истата има веќе обезбедено една стабилна подлога. Категоријата Македонски филм е стандардизирана, но, во иднина, има намера да се подобрува и квантитативно и квалитативно и - иако договорот меѓу уредувачите на Википедија е премолчан - примарно значење да му дава токму на второво. Оттука, статиите на страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар ќе бидат, пред се, референтни и само во случај на недостаток на други релевантни извори, ќе се осмелиме да искористиме некој подолг дел од текстот. Излишно е да напоменам дека ваквиот чин ќе биде проследен и со соодветна назнака за изворот.
До нашиот следен контакт -
Срдечни поздрави,
Виктор Јованоски,
администратор на Википедија на македонски јазик.

А еве го и одговорот на Игор:

Здраво Виктор,
Најпрвин да ви честитам за одлично завршената работа, и квантитативно и квалитативно (се чудам од каде Википедија тимот најде толку жар и љубов да го среди сето тоа, браво).
Дека работата не е завршена, а богами и никогаш нема да биде, ние тоа најдобро го знаеме, тоа ми е сосема јасно, но искрено се надевам дека соработката може да биде взаемна.
Веројатно знаеш каква е состојбата во културата, со вработени, со пари и то. И ние колку можеме тој сајт го одржуваме, и по малку и го ажурираме. Затоа, би те замолил, доколку имате било какви информации за македонската кинематографија, а ние ги немаме објавено на сајтот, да ми ги препраќаш. Овде сакам да напоменам дека Кинотеката се грижи, најпрвин, за македонската продукција снимена на филмска лента, и многу малку информации добиваме за она што се нарекува електроника. Токму за тие филмови што се снимени на електроника, податоците се добредојдени.
И уште нешто на крај. Не знам дали знаеш, дали сте виделе, на МИФЦ има една секција што се вика книжарница, таму он лајн се печатените изданија на Кинотеката, па доколку не сте ги прочитале, еве ви можност да најдете интересни текстови и информации.
Поздрав,
Игор.

Најпрвин му честитам на Виктор и да можев ќе му дадев титула за најдобар администратор БРАВО. А ианку во право е господинот Игор исто така. Така да тоа е тоа. БРАВО Викторе само така! --Макс(разговор) 19:34, 21 септември 2008 (UTC)

Македонски филмови во кинотека уреди

Здраво,

Некои може знаат дека со http://kino-teka.blogspot.com/ следиме што се случува во кинотека и други места за филм во Скопје и сите статии потоа ги ставаме на википедија, а понекогаш земаме и по некоја статија од википедија.

Во декември има десетина македонкси филмови во кинотека, а до дискусијава гледам дека сте биле во контакт со луѓето од таму и дека има некаква дозвола за користење на текстови од тука: http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp

Па ме интересира, до каде е стигната работата со филмовите, за да знаеме што од каде да копираме за на блогот. Филмовите што во декември ќе ги прикажуваат се наведени овде: http://www.365.com.mk/index.php?option=com_extcalendar&Itemid=111&extmode=view&extid=5409

Новица (разговор) 10:32, 29 ноември 2008 (UTC)

Мило ми е што прашувате и со задоволство ќе ви одговорам. Корисникот Зоран го има формирано овој проект како и порталот. А за овој проект сме задолжени и многу други корисници. Моментално од некаде октомври, малку ја запоставивме работата, но пред некој ден гореспоменатиот корисник ми даде дозвола јас да координирам со проектов на одредено време. Значи Википедија е слободна енциклопедија и можете слободно да земате тоа што ви е потребно. Е, сега од македонските филмови се што имаме направено се е точно. Луѓето ни дадоа дозвола да ставаме работи од нивната страна под услов ако ги ставиме одредени шаблони со кои ќе се знае дека се превземани од нивната статија. Што значи дека можно е да ви прават проблеми околу тоа дека сте земале нивни текст. Но ќе видам до крајов на следнава недела да се консултирам со поискусни корисници за да ви дадам сигурност во земањето на тие статии. А што се однесува до американските филмови. Имате 100 % дозвола да ги земате но јас лично ќе ви кажам дека тие статии не ни се добро уредени. Што значи дека немаме во моментов стабилни статии. Дајте ми малку време да се консултирам и со поискусни корисници. Поздрав --Макс(разговор) 11:10, 29 ноември 2008 (UTC)
Макс, абе мене ме интересира само кои мк филмови се префрлени на википедија. Да знам што од каде да копирам. Не ми треба некое посебно информирање за дозволите за копирање. :) -- Новица (разговор) 11:57, 29 ноември 2008 (UTC)
Епа тогаш ти кажувам дека сите статии поврзани со македонски филмови на нашава википедија се превземани од МИФЦ. --Макс(разговор) 12:27, 29 ноември 2008 (UTC)

Оскарите и статии поврзани со нив. уреди

Здраво на сите. Знам дека проектов веќе подолго време „не е во функција“, но сепак мислам дека право место за дискутирање на овој „проблем“ е тука. Ако прашањево го поставив на страницата за разговор нема да бев сигурен дека ќе беше забележано така што... Значи прво сакав да прашам за преводот на следниве неколку „поими“. Hotel Roosevelt, Kodak Theatre, Academy of Motion Picture Arts and Sciences и сл. Првите два поими секако дека знам како се преведуваат, Хотел Рузвлет и Театар Кодак, тоа е едноставно, но вистинската причина што прашувам за превод на овие поими е тоа што во контекстот на една реченица некако овие не се совпаѓаат.

  • Пример, Првото доделување на Оскар наградите се одржало во:
    • а)Театарот Кодак
    • б)Кодак Театарот
    • в)Кодак театарот или пак
    • г)Според нашиот „Драмски театар“ да биде Кодак театар или Кодак Театар

Истово важи и за Хотел Рузвелт. Е, сега за академијата. Самата статија се вика Академија за Филмски Уметности и Наука и секаде каде што се споменува оваа академија вака стои со сите големи букви. Дали правилно би било Академија за филмски уметности и наука или пак? Да не набројувам како за минатото само кажете како треба или барем како мислите дека треба. Потоа би сакал да се усогласиме во врска со именувањето на статиите поврзани со сите изданија. Овој пат морам пак да набројувам (знам дека е мачно за читање:)):

  • 81то доделување Оскар/Награда на академијата
  • 81 доделување на Оскарите
  • 81 доделување на наградите Оскар
  • 81 издание Оскар
  • 81 церемонија на доделување на наградите Оскар
  • Осумдесет и првото доделување на наградите Оскар
  • Осумдесет и првото издание Оскар
  • Осумдесет и првата церемонија на доделување на наградите Оскар

Исто така корисникот ESC базирано на мислам бугарскиот формат на именување на овие статии ги именува како Оскар (награди, 2009), за кој јас немам ништо против само мислам дека некои од горе наведените е подобар, од тоа произлегуваат и следниве формати:

  • Оскар (награди, 2009)
  • Оскар, 2009
  • Оскар награди, 2009

Ако имате други предлози слободно кажете ги!

Јас мое мислење во врска со Кодак театарот и Рузвелт Хотелот немам, затоа како што вие ќе кажете така и нека биде, истото важи и за Академијата, а што се однесува за ова другово јас би ги одбрал варијантите со бројка однапред, но дискутирав со корисничката Виолетова и таа рече дека правилно е да се пишуваат со букви сиве овие работи затоа гласам за варијантата Бројка/Букви доделување на наградите Оскар, но и за ова велам како ќе каже мнозинството така и нека биде. Мислам дека друго во врска со Оскарите што претставува проблем нема така што ова е се што ме „мачи“. Затоа би било прекрасно ако го дадете своето мислење. И мислам дека ако се договориме за формат на имињата на статиите поврзани со сите изданија на Оскарите можеме тој формат да го користиме и за другите, филмски а и други награди. На пример Осумдесет и првото доделување на Бафта наградите итн. --Макс(разговор) 22:55, 27 февруари 2009 (UTC)

По аналогија на Македонска академија на науките и уметностите, правилно би било Академија за филмски уметности и науки (sciences - множина). За последователните изданија на Оскар наградите, може да одиме со овој формат: 81. доделување на наградите Оскар. Сите овие варијанти што ги наброја мора да ги направиме пренасочувања. За Кодак, не знам како е правилно :S Brainmachinewtf? 22:59, 1 март 2009 (UTC)
 ОкБидејќи некои одговорија на мојата страна на разговор а некои тука, заклучокот е дека сите велат дека како ќе одлучам јас така нека биде. Но, сепак секој си даде свое мислење, така што сите мислат дека треба да почне статијата со бројка и јас истото го сакам така што тоа ќе биде и со бројка. И за останатите неколку работи јас ќе се погржам. Знам дека можеби за џабе ја подигнав целава дискусија, но подобро вака за да после некој не ми рече дека си правам се по мое. Јас ќе почнам да работам на овој проблем, а ако некој има некоја забелешка само нека ми каже. Поздрав до сите и се надевам дека се согласивме. --Макс(разговор) 12:54, 2 март 2009 (UTC)
Назад на проектната страница „ВикиПроект Филм/Архива 2“.