Праисторија на Македонија
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Праисторијата во Македонија
уредиЧерепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата "Црвени Стени" близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 - 240.000 г.п.н.е.
Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел [Дупјак] Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од 7 в.п.н.е. од Лемно во Егејско Море итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка - богиња на земјата и симбол на плодноста.
Керамичкиот печат од "Церје" кај Говрлево близу до Скопје е пронајден во 1981 година, За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.).
Постоеле наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера.
Светилиштата во вид на "Камени Столици" ("долмени") од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани - Скопско и комплексот од разновидни долмени од "Штерпа" близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од "Милисин" на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се други споменици.