Чевларство
Чевларство или кондураџиство — традиционален занает на изработка на обувки, кој денес во огромна мера е потиснат од индустриското производство.
Чевларите (наречени и „кондураџии“) изработуваат низа разни обувки, во кои спаѓаат чевли, чизми, сандали, кломпи, мокасини и др. Овие предмети се прават од кожа, дрво, гума, пластика, јута и други растителни материјали, и често содржат повеќе делови (или слоеви) за поголема трајност на ѓонот, на кој се зашива кожата.
Чевларите користат чевларски калап на кој ги изработуваат чевлите. Тој може да биде железен или дрвен. Некои чевалрски калапи се прави, додека други се свиткани, и затоа постојат во пар: еден за леви и еден за десни чевли. Денешните чевлари можат да користат и материјал од автомобилска гума како евтина алтернатива за правење ѓонови.
Чевларите како тема во книжевноста
уреди- „Кралот Матија и чизмарот“ - унгарска народна приказна.[1]
- „Чудесната чевларка“ - драма на шпанскиот писател Федерико Гарсија Лорка.[2]
- „Чевлар“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1829 година.[3]
- „Ескпрес-Бади“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[4]
Поврзано
уреди„Чевларство“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
уреди- Чевларска книга — Чевларство по мера: Водич низ чевларството (англиски)
Наводи
уреди- ↑ Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 33-35.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 164.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 186.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 128-129.