Портал:Отоманско Царство/Добри статии

Добри статии на Порталот

Преобразба на Отоманското Царство

Територија
Територија

Преобразба на Отоманското Царство — период во историјата на Отоманското Царство од околу 1550 до околу 1700 година, што се протега приближно од крајот на владеењето на Сулејман Величествениот до Договорот од Карловци на крајот на Војната на Светата лига. Овој период се одликува со бројни драматични политички, социјални и економски промени, кои резултирале со префрлање на царството од експанзионистичка, патримонијална држава во бирократско царство засновано на идеологија за почитување на правдата и дејствување како заштитник на сунитскиот ислам. Овие промени во голем дел биле поттикнати од серија политички и економски кризи во доцниот 16 и почетокот на 17 век, кои биле резултат на инфлацијата, војните и политичкиот фракционеризам. Сепак, и покрај овие кризи, царството останало силно и политички и економски, и продолжило да се прилагодува на предизвиците на светот што се менува. 17 век некогаш бил окарактеризиран како период на опаѓање за Османлиите, но од 1980-тите историчарите на Отоманското Царство сè повеќе ја отфрлаат таа одлика, идентификувајќи ја како период на криза, адаптација и преобразба. повеќе...

Косем (султанија)

Косем султан
Косем султан

Косем султан — сопруга на османлискиот султан Ахмед I, валиде султан како мајка на султаните Мурад IV и Ибрахим, и бујук („регент“) на султанот Мехмед IV. Таа станала една од најмоќните и највлијателните жени во отоманската историја, како и централна фигура во периодот познат како Султанат на жените.

За време на нејзиниот мандат како регент на Мурад IV, Ибрахим и Мехмед IV, Косем собрала огромна озлогласеност и наклонетост меѓу нејзините поданици и имала неспоредлива политичка моќ во Отоманското Царство. Улогата на Косем како заштитник на отоманската династија била поздравена и од современиците и од историчарите. Сепак, неколкумина ги доведуваат во прашање нејзините намери и мотиви за застапување на каузата на јаничарите за време на нејзините 28 години на власт. Некои тврделе и дека таа собрала големо богатство со нелегитимни средства. Таа, сепак, добро ги искористила парите што ги стекналала од нејзините земји и приходи, преземајќи добротворни работи и градежни проекти како опипливи манифестации на грижата на династијата за нејзините поданици. Затоа, по нејзиниот брутален атентат кој предизвикал немири и погубување на стотици мажи во Цариград, таа била нарекувана со имињата: „Vālide-i Muazzama“ (величествена мајка), „Vālide-i Maḳtūle“ (убиена мајка) и „Vālide-i Şehīde“ (маченичка мајка). повеќе...

Тези за падот на Отоманското Царство

Територијално проширување на царството
Територијално проширување на царството

Тезите за падот на Отоманското Царство се однесуваат на веќе застарениот историски наратив кој некогаш играл доминантна улога во проучувањето на историјата на Отоманското Царство. Според една од основните тези, по златниот век на царството за време на владеењето на султанот Сулејман Величествениот (1520-1566), царството постепено влегло во период на сеопфатна стагнација и пад од кој никогаш не дошла во можност да се опорави, по кое следувал период на распаѓањето на царството во 1923 година. Оваа теза била користена во текот на најголемиот дел од 20 век како основа за разбирање на османлиската историја и на западните и на републиканските Турци. Сепак, по 1978 година, историчарите започнале да ги преиспитуваат основните претпоставки на тезата за опаѓањето на царството. По објавувањето на бројни нови студии во текот на 1980-тите, 1990-тите и 2000-тите и преиспитувањето на историјата на Отоманското Царство преку употреба на претходно неискористени извори и методологии, академските историчари на Отоманското Царство постигнале консензус дека целата идеја за отоманскиот пад претставува мит. Всушност, Отоманското Царство воопшто не стагнирало или не опаѓало, туку продолжило да биде енергична и динамична држава долго по смртта на Сулејман Величествениот. Тезата за падот била критикувана како „телеолошка“, „регресивна“, „ориентална“, „симплистичка“ и „еднодимензионална“ и е опишан како „концепт кој нема место во историската анализа“. повеќе...

Окупација на Цариград

Луј Франше д' Епере во Бејоглу, 8 февруари 1919
Луј Франше д' Епере во Бејоглу, 8 февруари 1919

Окупацијата на Цариград — окупација на главниот град на Отоманското Царство во периодот од 13 ноември 1918 година до 4 октомври 1923 година од страна на британските, француските и италијснаките сили по потпишувањето на договорот од Мудрос според кое Отоманското Царство се повлекло од Првата светска војна. Првите француски војници во градот влегле на 12 ноември 1918 година по кое следувало и британското следниот ден. На 7 февруари 1919 година италијснките сили влегле во Галата. Во 1918 година градот за првпат ја сменил својата власт по падот на Цариград во 1453 година. Заедно со окупацијата на Смирна, настанот го поттикнал формирањето на Турското национално движење, што довело до започнување на Турската војна за независност. повеќе...


‎Историја на отомански Цариград

Поглед кон стариот дел од Истанбул
Поглед кон стариот дел од Истанбул

Историја на османлински Цариград — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманското Царство во 1922 и поставувањето на главниот град на Турција да биде во Анкара на 13 октомври 1923 година.

Скоро пет века Константинопол, (разговорично познат како Цариград или Стамбол, бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Границите на Отоманското Царство опфаќала три континенти - Европа, Азија и Африка. Некогашниот антички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа. Во 1918 година градот за првпат ја сменил својата власт по падот на Цариград во 1453 година. Заедно со окупацијата на Смирна, настанот го поттикнал формирањето на Турското национално движење, што довело до започнување на Турската војна за независност. повеќе...

Топкапи-сарај

Топкапи-сарај
Топкапи-сарај

Топкапи-сарајмузеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.

Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на царството и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога царството било во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница. Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по заземањето на Цариград. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разликува од Ески-сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година. повеќе...