Портал:Грција/Вовед
Грција (грчки: Ελλάδα, транслитерирано: Елáда, МФА: [ɛˈlaða], или историски Ελλάς, Елáс, МФА: [ɛˈlas]), официјално Хеленска Република (Ελληνική Δημοκρατία, Елиники́ Димократи́а, МФА [e̞liniˈkʲi ðimo̞kɾaˈtia]), е земја во југоисточна Европа на јужниот дел од Балканскиот Полуостров. Се граничи со Бугарија, Република Македонија и Албанија на север; и со Турција на исток. Водите на Егејското Море ги заплискуваат бреговите на Грција од исток, а оние на Јонското Море и Средоземното Море на запад и југ. Грција од многумиа се смета за лулка на Западната цивилизација и место каде се родила демократијата, Грција има долга и богата историја и значајно влијание врз другите култури на Европскиот, Азискиот и Африанскиот континент.