Наќе Спасеноски
Наќе Димов Спасеноски ( 1916 во Подвис (Кичевско) — 1944 во Крапа, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Наќе Спасеноски | ||
Роден | 1916 година Подвис, Кичевско, Македонија под окупација на Србија | |
---|---|---|
Починал | февруари, 1944 година Крапа, Македонски Брод, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Окупацијата го затекнала како војник во старата југословенска војска. Од самиот почеток на војната се вклучил во народно ослободителното движење, а во летото 1942 година бил еден од првите членови на Реонскиот комитет. Неговата активност, како и работата во Реонскиот комитет, во 1943 година биле откриени, при што бил затворен од окупаторските власти во затворот во Тирана. Пред окупаторот имал добро држење. По излегувањето од затвор во септември 1943 година, стапил во редовите на Групата баталјони, а потоа во редовите на Првата македонско-косовска бригада, каде бил назначен за командир на десетина (десетар). Со Бригадата заминал во Егејска Македонија и учествувал во Богомилскиот поход во февруари 1944 година, кога со дел од Бригадата тргнал на пат за Кичевско, но бил фатен заедно со своите соборци во селото Крапа и стрелан. И во последните мигови од животот, Наќе останал горд и храбар не покажувајќи ни страв ни колебливост.[1]