Стара училишна зграда (Подвис)
Стара училишна зграда — зграда на првото основно училиште во кое се изведувала настава на современ македонски јазик, во селото Подвис, Македонија. Зградата е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Стара училишна зграда | |
---|---|
Поглед кон урнатините од училиштето | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | училиште |
Место | Подвис |
Земја | Македонија |
Зградата е сместено во старото село Подвис, над последните зачувани куќи во селото и главната селска црква „Св. Атанасиј“.[1]
Местоположба
уредиСтарото училиште во селото Подвис, во кое во 1943 година започнала наставата на современ македонски јазик, се наоѓа над последните зачувани куќи во селото Подвис. До старото село води единствено земјен пат, а до самата зграда на училиштето постои само козја патека и никаде не јасно посочено каде се наоѓа училиштето.[1]
Историја
уредиУчилиштето започнало да работи на 23 септември 1943 година, само шест дена по ослободувањето на Кичево. Првиот час бил одржан од страна на учителот Василко Лазарески.[2]
Денешна состојба
уредиЗградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е останата во трње и грмушки, а дотаму може да се стигне единствено со теренско возило.[1]
Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле истата и ја преместиле во новиот дел на селото Подвис, во неговиот низински дел.[1]
Иако имало најави за обнова на зградата од страна на Министерството за култура во текот на 2014 година,[2] тоа не се извршило.
Галерија
уреди-
Внатрешноста на зградата
-
Бочна страна на училиштето
-
Внатрешноста на зградата
-
Плоча која стоела на училиштето
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Првото училиште на македонски јазик заборавено од државата“. Кичево. 2013-04-22. Посетено на 2019-01-22.
- ↑ 2,0 2,1 „Реконструкција на првото училиште на македонски јазик“. NetPress. 2014-05-01. Посетено на 2019-01-22.
Надворешни врски
уреди- Стара училишна зграда (Подвис) на Ризницата ?
41°28′08.27″N 20°53′26.06″E / 41.4689639° СГШ; 20.8905722° ИГД