Црква „Св. Петар и Павле“ - Пазар (православна)
Свети Петар и Павле (грчки: Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου) — православна црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Петар и Павле | |
---|---|
Αγίων Πέτρου και Παύλου | |
40°47′40″N 22°24′39″E / 40.79444° СГШ; 22.41083° ИГД | |
Место | Пазар |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | крстокуполна базилика |
Изградба | 1962 - 1972 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Пазарско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во јужниот дел на Кариотското Маало.
Историја
уредиНа местото на црквата порано имало медреса. Во 1930-тите медресата се користела како склад за гориво. За време на Втората светска војна Германците ја користеле како затвор, а потоа во неа се сместени сиромашни семејства. во 1950-тите години медресата веќе била урнатина, па затоа е срушена. Во 1962 г. на нејзино место почнала да се гради црква, конечно осветена од митрополитот Калиник Воденски на 1 октомври 1972 г.[3]
Опис
уредиХрамот претставува крстокуполна базилика долга 27 м, широка 18 м и висока 18 м.[1] Покривот е на четири води со ќерамиди. Во северозападиниот дел на црквата има доградена камбанарија.[4]
Фреските се дело на Ставрос Госпудинис, а повеќето преносливи икони ги насликал Димитриос Рицос. Иконостасот е резбан.[1][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
- ↑ Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 39. Посетено на 16 јануари 2020.
- ↑ Πασχούδη, Μαρία Χρ (2010). Από τις Καρυές Ανατολικής Ρωμυλίας στα Γιαννιτσά (Ιστορία – Πνευματικός βίος). Διπλωματική εργασία (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 75.
- ↑ 4,0 4,1 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 40. Посетено на 16 јануари 2020.