Црква „Св. Константин и Елена“ - Пазар
Свети Константин и Елена (грчки: Ιερός ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — преродбеничка парохиска црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Константин и Елена | |
---|---|
Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης | |
Поглед на црквата навечер | |
40°47′51″N 22°25′4″E / 40.79750° СГШ; 22.41778° ИГД | |
Место | Пазар |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | петкорабна базилика |
Завршена | 1906 / 1953 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Пазарско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Историја
уредиХрамот е изграден под името „Св. Кирил и Методиј“ во македонското маало Варош во североисточниот дел на градот. Изграден е во 1906 г. кога населението било под врховенството на Бугарскаа егзархија. Во 1909 г. иконите во храмот се изработени од иконописци предводени од галичкиот мајстор Апостол Фрчковски.[3]
Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт, храмот е преименуван во „Св. Константин и Елена“.[1]
Опис
уредиХрамот првобитно бил трикорабна базилика со женска црква. Во 1952 – 1953 г. е видоизменет во петкорабна базилика. Има должина од 25 м, ширина од 17 м и висина од 8 м.[1][2] Во 1988 - 1990 г. на запад е направен нартекс. Покривот е на четири води, покриен со ќерамиди. Има три влеза — од запад, југ и север.[2] Во северозападниот агол е доградена камбанарија. На дното на северниот и јужниот кораб има два параклиса.[1]
Во внатрешноста корабите се поделени со дрвени столбови. Дел од фреските се дело на Христофанис Вуцинас и неговите ученици, а оние на патеките се изработени од зографите Кузоглу и Сарис — десно сцени од житието на Христос, лево на Богородица. Иконостасот е резбан, а иконите на него се дело на монаси од манастирот „Св. Дух“ во Оропос, Источна Атика. Преносливите икони се дело на М. Котикостас.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Ιερός ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 41. Посетено на 16 јануари 2020.
- ↑ Димитров, Христо М (1991). „Два документа за Фръчковския род“. Исторически преглед. XLVII (1): 76–79.