Црква „Св. Катерина“ - Пазар

црква во Пазар, Егејска Македонија

Света Катерина (грчки: Αγίας Αικατερίνης) — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Света Катерина
Αγίας Αικατερίνης
Карта
40°47′45.7″N 22°24′56.0″E / 40.796028° СГШ; 22.415556° ИГД / 40.796028; 22.415556
МестоПазар
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1972
Управа
Архијерејско намесништвоПазарско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Опис

уреди

Црквата се наоѓа во североисточниот дел на градот, во склоп на парохијата со седиште во парохиската црква „Св. Константин и Елена“. Изградена е во 1972 г. Претставува трикорабна базилика со ќерамиден покрив[1] Долга е 17 м, широка 10 м и висока 5,5 м. На југозападниот крај има куловидна камбанарија. Има два влеза — од југ и запад. Иконописот во црквата е во византиски стил, дело на Јоанис Касолас.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 43. Посетено на 16 јануари 2020.
  2. Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 44. Посетено на 16 јануари 2020.