Црква „Св. Петка“ - Пазар
Света Петка (грчки: Άγιας Παρασκευής) — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Света Петка | |
---|---|
Άγιας Παρασκευής | |
Поглед на црквата | |
40°47′8″N 22°24′51″E / 40.78556° СГШ; 22.41417° ИГД | |
Место | Пазар |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | базилика |
Завршена | XV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Пазарско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Историја
уредиЦрквата е изградена во XV век како џамија, веројатно мавзолеј на некој од наследниците на Евренос-бег, опишан од Евлија Челебија како направен од големи камења. Во 1947-1948 г. архимандритот Никандар Папајоану, сопственик на плац и на градбата, ја претворил џамијата во црква.[4][5] Во 1951 г. го подарил храмот, светиот кладенец и целата парцела на Воденско-постолската митрополија. Црквата работела како манастир околу четириесет години и има помошни градби и конаци. Од октомври 1995 г. храмот има улога на парохиска црква, а до него има гробишта.[5]
До храмот е изградена нова поголема црква.
Црквата е прогласена за историски споменик на 13 јуни 1990 г.[4]
Историја
уредиПрвобитната градба е предниот дел на денешната црква — осумаголно здание типично за мавзолеите од XV век, со должина на ѕидот од 3,5 м и висина на куполата од 7 м . Подоцна таа служела како манастир. Направени се аркхитектонски измени и изградена е камбанарија на местото на урнатото минаре.[2] Живописувањето е дело на зографите Карлас, Вирон и Аврамидис.[1][2] Иконите се дело на монаси од манастирот „Св. Дух“ во Оропос, Источна Атика.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός ναός Αγίας Παρασκευής“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Γιαννιτσά - η πρωτεύουσα του κάμπου“. Τσακήλι. Посетено на 12 септември 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 42. Посетено на 16 јануари 2020.
- ↑ 4,0 4,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/9835/222/25-4-1990 - ΦΕΚ 355/Β/13-6-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ 5,0 5,1 Πασχούδη, Μαρία Χρ (2010). Από τις Καρυές Ανατολικής Ρωμυλίας στα Γιαννιτσά (Ιστορία – Πνευματικός βίος). Διπλωματική εργασία (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 75.