Орманли (грчки: Πολύκαρπος, Поликарпос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Орманли
Πολύκαρπος
Орманли is located in Грција
Орманли
Орманли
Местоположба во областа
Орманли во рамките на Драма (општина)
Орманли
Местоположба на Орманли во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°16′N 24°18′E / 41.267° СГШ; 24.300° ИГД / 41.267; 24.300
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000800000000800 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно9
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 9 километри североисточно од градот Драма, на надморска височина од 800 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци[3].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 399 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 259 луѓе[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Поликарпос[5].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле населени 37 грчки бегалски семејства со вкупно 100 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 100 лица, додека во 1940 година селото броело 160 жители. Селото најверојатно настрадало од Граѓанската војна во Грција и во следните пописи не се споменува, сè до 1991 година кога биле евидентирани 48 жители[4]. Денеска, населението на селото е 9 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 160 10 9
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Πολύκαρπος
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 48.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.