Седиште на Обединетите нации

Седиште на Обединетите нации (англиски: Headquarters of the United Nations) — една од најзначајните архитектонски градби во Њујорк (град), проектирана е група архитекти, чиј главен идеен проект бил изработен од страна на бразилскиот архитект Оскар Нимаер. Зградата е изградена во 1948 година.[1]

Седиште на Обединетите нации
Headquarters of the United Nations
Прегледано од Остров Рузвелт во 2008; од лево надесноt: Секретаријат, Конференциска зграда, и Генералното собрание. Во позадина се Зградата Емпаер Стејт, градот Тудор и други високи згради.
Карта
Headquarters of the United Nations
арапски: مقر الأمم المتحدة
кинески: 联合国总部大楼
француски: Siège des Nations unies
руски: Штаб-квартира Организации Объединенных Наций
шпански: Sede de las Naciones Unidas
Општи податоци
СтилИнтернационален стил
МестоЊујорк (град)
(Меѓународна територија)
Адреса760 Плоштад на Обединетите нации ,
Менхетен, Њујорк (град), Њујорк, (10017-6818)
САД
Координати40°44′58″N 73°58′5″W / 40.74944° СГШ; 73.96806° ЗГД / 40.74944; -73.96806
Почната14 септември, 1948
Завршенапочеток со работа - 1952
Трошок за изградба$65 милиони долари
СопственикОбединети нации
Висина155.3 метарs (510 ст)
Технички податоци
Катови39
Проектирање и изградба
АрхитектОдбор на дизајнери со посредство на Харисон & Абрамович
Главен изведувачФулер, Тарнер, Слатери и Валш

Опис уреди

Историјата на проектот за самиот објект е доста сложена и богата. Во конкурсот за нејзината изградба учествувал светски познатиот архитект Ле Корбизје кој го наговарал својот помлад колега Оскар Нимаер да конкурира и да создаде свое видување за архитектурата на самата зграда и коплексот околу неа. Меѓународната комисија го одбрал проектот на Нимаер.

Самата зграда има тквадратна форма која се протека елегантно во вертикала изградена од ѓелична конструкција која е целосно застаклена. Надворешната фасада е препокривана рефлектирачко стакло кое ја рефлектира, огледално околината.

Внатрешниот, просторот е целосно проектиран според потребите на современ ентериер за која била наменета. Во предворјето или поголемата површина од влезните пасажи на кровната конструкција има употреба на стакло што придонесува за отвореност, светло и прозрачност. Покрај карактеристичната архитектонска квадратна вертикала, севкупната површина е збогатена и со низа други објекти, кои не се помалку важни во архитекстонски смисол - внесени се меѓудругото и полукружни содржини, скулптурални елементи и низа архитектонски елементи кои денес се своевидна галерија на современата архитектура.[2].

Стилски одлики уреди

Оскар Нимаер е еден од најзначајните аритекти на дваесеттиот век. Зградата на седиштето на обединетите нации денес е еден од најпрепознатливите објекти и архитектонски симболи.и е меѓу неговите врви дела. Во својот уметнички израз Нимаер во неа употребува челик, севкупно обложен со рефлектирачко стакло. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата на разновидните материјали, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].

Литература уреди

  • . ISBN 978-0-8147-0794-4. Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Отсутно или празно |title= (help)

Наводи уреди

Надворешни врски уреди