Чифлик (Опила)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чифлик

Карта

Местоположба 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417
Основни податоци
Место Опила
Општина Крива Паланка
Тип

 некропола


Период железно време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Чифлик или Бабунциархеолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Опила. Претставува средновековна црква и некропола.

Опис

уреди

Во маалото Бабунци, на десниот брег на Крива Река и во непосредната близина на наоѓалиштето градиште, при орањето на нивите и изградбата на куќите и други помошни објекти се откриени гробови од градени плочи, со богати наоди. Во 1984/85 и 1987 година Музејот на Македонија извршил заштитни археолошки ископувања со кој се откриени и истражени 57 гроба. Повеќето од гробовите се од типот циста, неколку со слободно вкопување и неколку од тегули - тип „на две води“. Гробните прилози ги сочинуваат: белезици, токи, обетки, прстени, алки и др. изработени од бронза, железо и сребро, како и неколку керамички садови. Во 1995 година, поради загрозеност поради поставувањето на трасата на железничката пруга КумановоДеве Баир, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извришил заштитни ископувања. Откриени биле нови 466 гроба, со приближно исти гробни конструкции, но со различна временска припадност. Кај средновековните гробови од X до XI век е карактеристично тоа што имаат обележување со врежан крст. Што се однесува до гробните прилози во гробовите од железното време (VIII до VII век п.н.е), најдени се керамички садови, белезици и висулници во облик на латинската буква v; во гробовите во втората половина на VI век: обетки, прстени, фибули, токи, појасни гарнитури, крстови, оружје и монети; во средновековните гробови: обетки, прстени украсувани со филигран, ѓердани, белезици и друг накит. Од сите овие ископувања, и од самата обзервација на просторот, сосема е сигурно дека се работи за голема некропола (повеќе од 1000 гробови), со широк временски распон на погребување. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 199, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069