Млаки

историско село во Тетовско

Млаки — историско село на територијата на Општина Брвеница. Местото се наоѓа на атарската граница меѓу селата Милетино и Челопек, во месноста денес наречена Млака[2]. Самата месност се води во атарската граница на Милетино.

Млаки
Млаки во рамките на Македонија
Млаки
Местоположба на Млаки во Македонија
Млаки на карта

Карта

Координати 41°50′54″N 21°00′58″E / 41.84833° СГШ; 21.01611° ИГД / 41.84833; 21.01611
Регион  Полошки
Општина  Брвеница
Област Долни Полог
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 508 м

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Долни Полог, крај рекичката Света, десна притока на Вардар. Денес месноста е јужно од Челопек, иако според кажувањата на потомците на неговите жители, самите куќи биле југоисточно од него.[3]

Историја

уреди

Се претпоставува дека местото е населено уште од стариот век, водејќи се по пронајдениот варовнички аголен камен од градба од раноантичко време. Селото не се споменува по име во османлиските документи, но во дефтерот за 1568/69 г. забележан е посебен дел од Челопек со четири семејства, што можеби се однесува на Млаки како негово маало, или пак како одделно село со испуштено име.

Селото е напуштено некаде на почетокот или кон средината на XIX век бидејќи било мошне мало и не можело да се одбрани од зачестените напади и грабежи. Неговото население се преселило во соседното Челопек, па така воедно го задржало и имотот во старото село.

Од преселниците во Челопек познати се родовите Веселковци (шест куќи) и Русиновци, благодарение на истражувањата на Јован Трифуноски.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Млака — GeoNames
  3. 3,0 3,1 Петрушевски, Илија (2009). Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Тетово: Здружение „Лешок“. стр. 27. ISBN 978-9989-2507-3-6.