Црква „Св. Никола“ - Опила

црква во Опила, Кривопаланечко

Св. Николаправославна манастирска црква во кумановското село К’шање, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°08′25″N 22°09′08″E / 42.14028° СГШ; 22.15222° ИГД / 42.14028; 22.15222
Место Опила
Општина Ранковце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1853 (денешен облик)
Архитектонски опис
Стил предодбенички

Црквата е изградена во 1853 г. врз темели на храм од XIII - XIV век.[1] Во неа се влегува по скали нагоре, што е реткост за црквите градени во турско време. Натписот на западната страна ги содржи имињата на ктиторите — Ѓорѓи Котарин, поп Ѓорѓи Мулин, Ѓорѓи Прокупов, Петко Дервиш и Симеон Котарин Устабашијата. Претставува еднокорабна градба со калкански покрив и полукружна апсида. На западната и делумно на јужната страна има отворен трем. Изградена е од камен и тули користени за лажните лакови над прозорците, слешата ниша под покривот, како и околу камената розета и крстовите.

Храмот е насликан во 1904 г. од прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Културно наследство“. Општина Ранковце. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 27 март 2014.
  2. Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 49.

Надворешни врски

уреди