Градиште (Опила)
„Градиште“
| |
Местоположба | 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Опила |
Општина | Крива Паланка |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Опила. Претставува градиште од доцноантичко време. Прогласено е за културно наследство на Македонија.
Опис
уредиСе наоѓа на десниот брег на Крива Река, на висок рид што доминира над околината, со правец на протегање север-југ и димензии од околу 100 х 40 м. На северната страна се гледа вештачки направен ров, додека другите три страни се многу стрмни. Карактеристично за ридот, а со тоа и за самото наоѓалиште, е тоа што има структура од мека карпа во која се исклепани повеќе простории, скали, ниши и сл. Во подножјето на западната страна има остатоци од цистерна. Од утврдувањето потекнуваат повеќе монети од III и IV век кои се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, фрагменти од стакло, бронза, железо и друг археолошки материјал. Во контекстот на градиштето треба да се имаат предвид и наоѓалиштата Чифлик, некропола од доцноантичкото време, и Чифличиште, населба од истото време, кои се наоѓаат во непосредната околина. Се претпоставува дека Градиште бил значаен населбински и фортификациски пункт што се наоѓал на комуникациите Стоби-Пауталија и Скупи-Пауталија.[1]
Поврзано
уреди- Градеж — населба од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Мал Трг — градиште од доцноантичкото време;
- Пашина Падина — населба од доцноантичкото време;
- Селиште — населба од доцноантичкото време;
- Чифлаџиште — населба од доцноантичкото време;
- Опила;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 198, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069