Кисела Јабука
село во Општина Ѓорче Петров, Скопје
Кисела Јабука — село и приградска населба во Општина Ѓорче Петров во Скопје. Поради немање на соодветна инфраструктура, населбата во минатото се сметала за дел на селото Волково, но во 2014 година, официјално била прогласена за село.[2][3] Кисела Јабука на исток, запад и север се граничи со Волково, а на југ со Ново Село. Населбата во општината Ѓорче Петров е претставена преку МЗ Кисела Јабука.[4]
Кисела Јабука | |
Координати 42°02′12″N 21°21′26″E / 42.03667° СГШ; 21.35722° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Ѓорче Петров |
Население | 1.317 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 273 м |
Кисела Јабука на општинската карта Атарот на Кисела Јабука во рамките на општината | |
Кисела Јабука на Ризницата |
Население
уредиСпоред последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.317 жители, од кои 1.265 Македонци, 3 Власи, 28 Срби, 3 останати и 18 лица без податоци.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Закон за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија“. Министерство за локална самоуправа на Македонија. Собрание на Македонија. 16 септември 2014. Посетено на 16 септември 2014.
- ↑ „Седум села никнаа во Македонија“. Дневник. МПМ Македонија. 16 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 септември 2014.
- ↑ „Урбани и месни заедници“. Општина Ѓорче Петров. Архивирано од изворникот на 2015-06-10. Посетено на 2012-10-22.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |