Тесла (единица)
Тесла (симб. T) — изведена SI-единица за магнетна индукција („густина на магнетен тек“). Една тесла е еднаква на еден вебер на квадратен метар. Усвоена е во 1960 година и именувана во чест на српскиот пронаоѓач Никола Тесла.[1]
Дефиниција
уредиЧестичка со набој од 1 кулон што минува низ магнетно поле од 1 тесла со брзина од 1 метар во секунда нормално на полето се соочува со сила од 1 њутн (Лоренцов закон за силата).
Во основни SI-единици, теслата може да се изрази и како
Употребени единици:
Претворање
уреди1 тесла е еднаква на:
- 10 000 (или 104) G (гаус), од системот СГС. Така, 10 G = 1 mT (милитесла), and 1 G = 10−4 T.
- 1 000 000 000 (или 109) γ (гами), од геофизиката. Така, 1 γ = 1 nT (нанотесла)
За изразување на нискочестотно електромагнетно зрачење во домот, најпотребни се следниве равенства:
- 1000 nT (нанотесла) = 1 µT (микротесла) = 10 mG (милигаус)
- 1 000 000 µT = 1 T
Бидејќи теслата е преголема за секојдневна употреба, во електроинженерството силата на магнетите обично се изразува во гауси. Во науката мислењето е поделено: некои научници настојуваат да се држат до SI, додека други сакаат да бидат практични, па го користат гаусот.
Примери
уреди- 31 µT (3,1×10−5 T) - силата на магнетното поле на Земјата, на екваторот (0° ГД)
- 5 mT - сила на магнет за фрижидер
- 1,25 T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодиумски магнет
- 1 T до 2,4 T - сила на магнет од типичен звучник
- 1,5 T до 3 T - сила на медицинска магнетна резонанца во практичната употреба (експериментално до 17 T)[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Усвајање назива "Тесла" за међународну јединицу магнетне индукције, Електротехнички институт "Никола Тесла", Годишњи извештај за 2006. годину, Срђан Спиридоновић, ISSN 1820-256X
- ↑ „Ултрависоко поле“. Bruker BioSpin. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 4 ноември 2011. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Претворање гаус<->тесла (англиски)