Далечинец
Далечинец или далечински управувач – електронски уред за куќни системи како телевизор, плеер, и др. кој се користи за безжично управување на кратки растојанија. Далечинецот постепено напредувал и последниве години ги подразбира и блутутот, сетилникот на движење и гласовната контрола.[1][2]
Најзначајната технологија која се користи кај куќните далечинци е инфрацрвеното светло. Сигналите меѓу далечинецот и уредот кој се управува се импулси на инфрацрвено светло кое е невидливо за човечкото око.
Историја
уредиНајраниот пример за далечинец преку радиобранови го развил Никола Тесла во 1898 година, а патентиран е во САД под името „Метод на апарат за контролен механизам за движење на едно или повеќе возила“ (англ. Method of an Apparatus for Controlling Mechanism of Moving Vehicle or Vehicles). Јавната демонстрација на брод контролиран преку радиобранови била извршена во 1898 година на Медисон сквер гарден, а Тесла бродот го нарекол телеатономан.[3]
Леонардо Торес Куеведо во 1903 година го претставил Телекино во париската академија со експериментална демонстрација. Во исто време одобрен му е патентот во Франција, Шпанија, Велика Британија и САД. Телекино се состои од робот кој извршувал команди пренесени со електромагнетни бранови. Со Телекино Торес ги утврдил основните принципи на модерните безжични операции[4], и бил пионир во областа на далечинското управување. Во 1906 година, во присуство на кралот, Торес во Билбао успешно демонстрирал брод воден од копно. Подоцна се обидувал да го примени Телекино на проектили и торпеда, но проектот бил запрен заради недостаток на средства.
Првиот далечински управуван авион полетал во 1932 година, а на таа технологија интензивно се работело во текот на Втората светска војна, и еден од резултатите била германската ракета Васерфал.
До крајот на триесеттите година на дваесеттиот век, неколку производители на радија понудиле далечинци како додатоци за своите модели.[5] Главно се работело за далечинци со жици, а компанијата Филко мистери контрол (1939) го направила првиот нискофреквенциски радиопримопредавател кој работел на батерии[6], со што тој станал првиот безжичен далечинец кај електричните уреди наменети за широка потрошувачка.
Телевизиски далечинец
уредиПрвиот далечинец за контрола на телевизор го развила корпорацијата Зенит радио во 1950 година. Далечинецот бил поврзан со жица со телевизорот. Безжичен далечинец е развиен во 1955 година. Работел на принципот на зрачење на светлосен сноп од фотоелектрична ќелија, но работата била доста отежната бидејќи секоја појака светлост од друг извор можела да ги активира командите на телевизорот.[7]
Роберт Адлер во 1956 година го развил Зенитовиот спејс команд - безжичен далечинец.[8] Тоа бил механички уред кој користел ултразвук за промена на каналот и јачината на тонот.
Наводи
уреди- ↑ James Wray and Ulf Stabe (5 декември 2011). „Microsoft brings TV voice control to Kinect“. Thetechherald.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-02.
- ↑ „PlayStation®Move Navigation Controller | PS3™ Accessories - PlayStation®“. Архивирано од изворникот на 2020-02-18. Посетено на 2015-11-17.
- ↑ Jonnes, Jill. Empires of Light ISBN 0-375-75884-4. Page 355, referencing O'Neill, John J., Prodigal Genius: The Life of Nikola Tesla (New York: David McKay, 1944), pp. 167.
- ↑ „Milestones:Early Developments in Remote-Control, 1901 - GHN: IEEE Global History Network“. Ieeeghn.org. 15 март 2007.
- ↑ Corporation, Bonnier (November 1930). Popular Science. Bonnier Corporation. стр. 78–. ISSN 01617370.
- ↑ „Philco Mystery Control“. Архивирано од изворникот на 2013-09-29. Посетено на 2015-11-17.
- ↑ „Five Decades of Channel Surfing: History of the TV Remote Control“. Архивирано од изворникот 2008-01-16.
- ↑ Farhi, Paul. "The Inventor Who Deserves a Sitting Ovation." Washington Post. February 17, 2007.
Литература
уреди- Corporation, Bonnier (1930). Popular Science. Bonnier Corporation. стр. 78–. ISSN 01617370.
Надворешни врски
уреди- Опис на инфрацрвениот далечински протокол Архивирано на 7 август 2008 г.
- Теорија на инфрацрвената далечинска контрола Архивирано на 22 октомври 2011 г.
- New Remote's History of the Remote Control
- Иднината на далечинската контрола Архивирано на 2 ноември 2013 г.
- Рециклажа на далечинците Архивирано на 17 април 2019 г.
- Анализатор на протокол
„Далечинец“ на Ризницата ? |