Никита Шекутковски

македонски математичар

Никита Шекутковски (р. 19 септември 1956 во Скопје) — македонски математичар, како и универзитетски професор на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Никита Шекутковски
Роден 19 септември 1956(1956-09-19)(68 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање математичар, универзитетски професор
Татко Трпе Шекутковски
Мајка Милосија Шекутковска (моминско Колева)

Животопис

уреди

Ран живот и образование

уреди

Никита Шекутковски е роден во Скопје во 1956 година. Основно и средно училиште завршил во Скопје.

На Математичкиот факултет во Скопје дипломирал во 1979, магистрирал во 1983 година со трудот „Алгебарски инваријанти во теоријата на права хомотопија“ , а докторирал на Универзитетот во Загреб на 6 јули 1986 година со трудот „Кохерентни инверзни системи и теорија на јак облик“.

Кариера

уреди

На тогашниот Математички факултет се вработил на 1 март 1980 година како асистент. Во 1987 година е избран за доцент, во 1993 за вонреден професор и во 1998 за редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[2] Од 2011 година, ги предава предметите Топологија за 3. циклус и Математичка анализа за 3. циклус на Докторските студии на Институтот за математика.

Во мандатните периоди 1997-1999, 2005-2007 и 2009-2013 бил избран на функцијата раководител на Институтот за математика. Во периодот 2001-2003 година бил раководител на Заводот за применета математика, а од 2007 до 2009 година раководител на Заводот за топологија.[3]

Тој бил раководител на Докторските студии по Математички науки и примени на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во периодот 2011– 2015 година. Шекутковски бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во периодот 2020 до 2023 година. Почнувајќи од 2001 година, тој бил повеќегодишен главен уредник на научното списание Годишен зборник на Институтот за математика.

Никита Шекутковски е активен член на Сојузот на математичарите на Македонија. Тој бил главен уредник на Зборникот од Четвртиот Конгрес на математичарите на Македонија, во Струга, 2008 година. Претседател на Програмскиот одбор на 7. Конгрес на математичарите на Македонија, во Струга, 2023 година. Повеќегодишен главен уредник на научното списание Математички билтен. Тој бил претседател на Комисијата за Студентскиот натпревар по математика на студентите од Југоисточна Европа, СЕЕМОУС во 2023 година. Шекутковски бил член на Управниот одбор на Асоцијацијата на математичарите на Југоисточна Европа (MASEE).

Објавени универзитетски учебници

уреди
  1. Математичка анализа 1, Просветно дело, Скопје, 2008, второ издсние (прво издание, 1995)
  2. Редови и аналитички функции, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2002
  3. Топологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2002
  4. Математичка анализа, електронско издание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2023

Научна работа

уреди

Негова област на истражување е топологија. Има објавено над 60 научни трудови, во познати научни списанија, списанија со импакт фактор и зборници од конференции. Во најголемиот број од нив е прв автор.     

Во областа внатрешен облик – подобласт на математичката дисциплина топологија,  под негово менторство се изработени седум (7) докторски дисертации на четири наставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, еден на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип , еден на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, и еден на Универзитетот во Тетово, заради што може да се зборува за школа за внатрешен облик во Македонија.

Под негово менторство се одбранети и десет (10) магистерски труда. Два од неговите магистранти се професори на универзитети во Соединетите Држави. Во изминатите години бил раководител на повеќе научноистражувачки проекти со поголем број на млади учесници.

Награди

уреди
  • 2011 – Награда „13 Ноември“ на Град Скопје за научни достигнувања.
  • 2023 – Добитник на Плакета за Најдобро рангиран научен труд изработен од македонски автори во периодот помеѓу два Конгреса (2016-2022) доделена на 7. Конгрес на македонските математичари, Струга 27.6–1.7.2023

Kонференции и предавања

уреди

Главен организатор е на традиционалната Интернационална конференција по Топологија и апликации. Зборникот од конференцијата во Охрид, 2000 година[4] и Скопје во 2004 година,[5] се објавени за познатото списанието Topology and its Applications.

Учествувал со свои предавања на специјализирани научни конференции по топологија во Италија, Шпанија, Јапонија, Полска, Соединетите Држави, Чешка, Русија, Хрватска и Србија.

Шекутковски одржувал предавања на повеќе познати универзитети: Мадрид, Оксфорд, Москва, како и Загреб, Софија (БАН), Јаш, Сплит.

Во август и септември 2016 година, по покана од Универзитетот „Матеј Бел“ во Банска Бистрица, Словачка одржал интензивен курс на постдипломско ниво со наслов „Теорија на облици и примена во динамички системи“.

Во април 2018 во рамките на CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies) на Семинарот по Топологија на Универзитетот во Загреб, одржал низа од предавања на постдипломско ниво.

Во ноември 2022 година, тој имал предавање по покана на Словачката Академија на науки во Братислава.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Швајцарско-македонски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1651. Text "series " ignored (help)
  2. „Никита Шекутковски“ (PDF). ИМ-ПМФ. Посетено на 31 јули 2022.
  3. „Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата“. еМагазин. Посетено на 31 јули 2022.
  4. J.E. Keesling, Y. Lusica, J.M.R. Sanjurjo and N. Shekutkovski. „Topology and its Applications“. sciencedirect.com. Архивирано од изворникот на 27 ноември 2023. Посетено на 27 ноември 2023.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  5. James E. Keesling, Yuri Lisica, Jose M.R. Sanjurjo, Nikita Shekutkovski (2004). „International Conference on Topology and Its Applications, 2004, Skopia (ICTA 2004 Skopia)“. sciencedirect.com. Архивирано од изворникот на 27 ноември 2023. Посетено на 27 ноември 2023.CS1-одржување: користи параметар authors (link)