Институт за математика

образовна единица при Природно-математичкиот факултет Скопје

Историја

уреди

Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје е најстарата научно-наставна установа во Македонија која подготвува кадар од областа на математичките науки во сите степени на образованието: додипломски, постдипломски и докторски студии. Институтот е основан во далечната 1946 година како катедра по математика во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје. Во почетокот наставата ја изведувале тројца професори и двајца соработници. Во 1958 прераснува во Институт за математика при новоформираниот Природно-математички факултет. Со реформите во 1977 година ИМ формира, заедно со другите катедри по математика од техничките факултети во Скопје, Математички факултет при Центарот за математичко-технички науки при Универзитетот Св."Кирил и Методиј" во Скопје. Во 1985 година, со повторните измени во ораганизацијата на Универзитетот, повторно е формиран Природно-математички факултет, a Математичкиот факултет преминува во Институт за Математика при овој факултет како негова посебна работна единица и како таква опстојува и денес.

Заводи

уреди

Институтот за математика со децении ги следи современите текови во наставата по математика и светските достигнувања на математичките науки. Неговите членовите се занимаваат со истражувања од многу области на математиката и на применетата математика: Алгебра, Диференцијална геометрија, Топологија, Комплексни функции, Функционална анализа, Динамички системи, Диференцијални равенки, Фурјеова анализа, Актуарска математика, Стохастичко програмирање. Наставниците и соработниците на Институтот за математика според своите интереси во научно-истражувачката и наставно-научната работа се организирани во четири заводи: Завод за алгебра и геометрија, Завод за анализа, Завод за топологија и Завод за применета математика.

Библиотека

уреди

Институтот располага со богата библиотека која брои над 25.000 наслови на математичка литература, како и огромен број периодични списанија од целиот свет. Голем дел од списанијата се добиени преку размена за списанијата

Прв циклус студии

уреди

Во моментов, институтот ги нуди следниве насоки на првиот циклус студии (додипломски студии):

  • Наставна математика
    • Студентот се стекнува со звање: „Дипломиран професор по математика“
  • Теориска математика
    • Студентот се стекнува со звање: „Дипломиран математичар“;
  • Двопредметни студии по математика-физика
    • Студентот се стекнува со звање: „Дипломиран професор по математика-физика за основното образование"
  • Двопредметни студии по математика-информатика
    • Студентот се стекнува со звање: Дипломиран инженер по математика-информатика
  • Применета математика со поднасоките:
    • Математичко програмирање
      • Студентот се стекнува со назив: Дипломиран инженер по математичко програмирање
    • Математичка економија
      • Студентот се стекнува со назив: Дипломиран инженер по математичка економија
    • Индустриска математика
      • Студентот се стекнува со назив: Дипломиран инженер по индустриска математика

Сите студиски програми траат осум семестри. На институтот е целосно имплементиран европскиот кредит трансфер систем.

Втор циклус студии

уреди

Вториот циклис студии по математика (магистерски студии) им овозможуваат на студентите да ги профилираат своите знаења во специјалности, зависно од нивните лични желби и/или од општествените потреби. Со завршувањето на магистерските студиии студентите се стекнуваат со звањето магистер по математика и примени.

Надворешни врски

уреди