Оваа статија е за глумецот. За фудбалерот, видете Тони Наумоски.

Тони Наумовски
Роден 23 мај 1977(1977-05-23)(47 г.)
Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија
Националност Австралиец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Ова не е американски филм
Панкот не е мртов
Трчај цела ноќ
Занимање глумец

Тони Наумовски (англиски: Tony Naumovski, 23 мај 1977, Сиднеј, Австралија) ― австралиски глумец со македонска народност. Тој работи во Њујорк, Соединетите Држави.

Животопис

уреди

Наумовски е роден во Сиднеј. Својата глумечка кариера ја започнал на 16 години, кога се зачленил во една месна македонска глумечка група наречена „Талија“. Својата прва професионална улога ја одиграл во 1996 година, во претставата „Ромео и Јулија“ во Народниот театар во Битола.

Во 1996 година се запишал на Националната академија за театарски и филми уметности (НАТФИЗ), во Софија, во класата на Стефан Данаилов, а студиите ги завршил во 2000 година. Постдипломските студии ги завршил во 2003 година во Сиднеј. Исто така, Наумовски добил стипендија од институтот за театар и филм на Ли Стразберг.

Наумовски покрај мајчиниот македонски, зборува и англиски, српскохрватски, бугарски и руски.[1]

Улоги

уреди

Наумовски глумел во „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски, каде ја играл улогата на Боксерот. Исто така, играл и во филмот „Медена ноќ“ на Иво Трајков и во филмот „Панкот не е мртов“ на Сашо Павловски. Во однос на театарската игра, Наумовски остварил улоги повеќе од 40 улоги, како на пример: „Еден лет над театарот во Косово“, „Вдовицата Шејлок - Еврејката од Венеција“, „Цар Едип“ итн. За улогата на Диц, СС-офицер, во претставата „Sawbones and the Diamond Eater“, тој бил номиниран за Наградата на Њујоршката фондација за иновативен театар, во категоријата „најдобра улога во драма“.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Официјална биографија
  2. ”Двајца Македонци номинирани за театарски награди во Њујорк”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 23.

Надворешни врски

уреди