Тиквешки НОПО „Добри Даскалов“
Тиквешкиот народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“ бил формиран на 14 мај 1943 година, кога биле престроени борците од партизанскиот одред и била положена партизанска заклетва. Најголем дел од борците биле од Кавадарци и Неготино, кавадаречките села Ваташа, Шивец, Радња, но имало и борци од Велес и од Скопје. Го викале Тиквешки партизански одред, бидејќи скоро 90 проценти од борците биле токму од овој крај.
Функционира | 14 мај 1943 – 24 септември 1943 |
---|---|
Водач | Никола Минчев Лазар Калајџиски Димката Ангелов Габерот Петар Пепељуговски |
Цели | Ослободување на Македонија за создавање на македонска држава |
Подрачја | Тиквешко |
Одредот, го добил името „Добри Даскалов” по предлог на Димката Ангелов Габерот, со што јасно ставил до знаење дека борците ја продолжуваат борбата на некогашните илинденци.
Штабот на одредот го сочинувале Димката Ангелов Габерот, политички комесар, Никола Минчев, командант на одредот, Лазар Калаџиевски Добри, заменик-командант и Петар Пепељуговски, заменик-политички комесар.
Уште првиот ден одредот ја почнал првата акција во селото Ресава. Следувале неколку успешни акции, меѓу кои една во селото Гарниково на 17 мај и другиот ден во селото Бојанчиште, каде биле убиени осум бугарски полицајци, а на селаните им била вратена претходно одземената стока.
Следувале акциите кај пограничните караули Шаренка и Порта, како и тие во селата Драгожел, Шешково, Праведник, Галиште и Драдња.
Сите овие акции предизвикувале бес и револт кај бугарскиот фашистички окупатор, кој организирал голема јунска офанзива со околу 12.000 бугарски војници, полицајци и две контрачети. Водени биле неколку борби, од кои една кај селото Никодин во која загинал заменик-командантот на првата чета Блажо Тодоровски Чичето. На 10 јуни загинал и Габерот.
Загинале и командирот на првата чета Ило Виларов од Неготино, Пано Мударов и активистот од селото Галиште, Стојан Крстев.
На 13 јуни 1943 година бугарските власти стрелале неколкумина родители на партизаните од селото Шивец, а стрелале и две постари жени, мајки на револуционери од Кавадарци, Фруса Чедомирова и Рајна Соколова. Исто така со бомби биле разурнати неколку куќи во Кавадарци, Ваташа и во други села од Тиквешијата. Меѓутоа кулминацијата на сите овие ѕверства бил на 16 јуни, со стрелањето на дванаесетте ваташки младинци од селото Ваташа.
Одредот во помали групи се префрлил во Егејска Македонија во реонот на Зборско, каде биле организирани неколку курсеви за ракување со оружје и неколку тактички вежби со борците.
Помали групи од одредот заминале во Тиквешијата и вршеле помали акции, а со одлука на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на 24 септември 1943 година од одредите „Добри Даскалов”, Гевгелискиот одред „Сава Михајлов”, како и од делови од битолскиот партизански одред „Гоце Делчев”, бил формиран баталјонот „Страшо Пинџур”,[1] втората поголема регуларна единица во Македонија. Само триесетина дена подоцна, од дел од тиквешките борци бил формиран уште еден баталјон, Вториот баталјон на третата оперативна зона. Овие два баталјона претставувале јадро од кое била формирана прославената Втора македонска ударна бригада.
Членови
уреди- Никола Минчев - командир
- Лазар Калајџиски - заменик-командир
- Димитар Ангелов - политички комесар
- Тихомир Милошевски
- Ангел Чемерски
- Блажо Тодоровски
- Панче Неделковски
- Боро Чаушев
- Диме Туриманџовски
- Павле Игновски
- Ристо Џунов
- Илија Коцевски - Јанко - десетар
- Ризова Трајанка - Злата
- Ризов Ристо
Загинати борци во периодот 1943-1944
уредиСписок на загинати борци од одредот „Добри Даскалов“:[2]
Наводи
уреди- ↑ „Сојуз на борви Битола“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2018-01-21.
- ↑ П. Гечевски - Ивче, Глигор (1988). Формирањето и борбениот пат на партизанскиот одред "Добри Даскалов". Кавадарци: Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОАВМ
- Кавадарци. стр. 231–232. ISBN 9989-712-54-9. line feed character во
|publisher=
во положба 63 (help)