Моклиште (село)

историско село во Кавадаречко

Моклиште — историско село во Кавадаречко, на 6км југоисточно од Кавадарци, во непосредна близина на селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара.

Моклиште
Моклиште is located in Македонија
Моклиште
Местоположба на Моклиште во Македонија
Моклиште на интерактивна карта

Координати 41°23′15″N 22°02′41″E / 41.38750° СГШ; 22.04472° ИГД / 41.38750; 22.04472Координати: 41°23′15″N 22°02′41″E / 41.38750° СГШ; 22.04472° ИГД / 41.38750; 22.04472
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Кавадарци
Население нема жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО
Надм. вис. 411 м
Моклиште на општинската карта
Моклиште во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Моклиште во рамките на општината

ИсторијаУреди

Моклиште е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Моклишко Кале непосредно до манастирот.[1]

Во XIX век Моклиште ѝ припаѓало на Тиквешката каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моклишта имало 140 жители, сите Македонци христијани.[2][3]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Моклишта (Moklišta) како христијанско село населено со Македонци.[2][4]

РодовиУреди

Моклиште било македонско село, но денес иселено.

Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови.

  • Староседелци: Петревци (1 к.), Тренчевци (1 к.) и Петковци (2 к.)
  • Доселеници: Лазарковци (1 к.) доселени биле во 1860 година од селото Гарниково; Дрчевци (1 к.) доселени биле во 1860 година од селото Бунарче, а таму во почетокот на 19 век од селото Драчевица; Пеневци (1 к.) и Ширковци (1 к.) доселени биле во 1880 година од селото Гарниково; Грасковци (1 к.) доселени биле во 1890 година од селото Бунарче; Бошавци (1 к.) доселени биле во 1896 година од селото Долна Бошава; Андовци-Колчевци (1 к.) и Пановци (1 к.) доселени биле во 1902 година од селото Конопиште; Дуковци (2 к.) доселени биле во 1906 година од селото Бунарче; Серенковци (1 к.) и Биџовци (1 к.) доселени биле во 1916 година од мегленското село Зборско; Трајковци (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Горна Бошава; Миндевци (2 к.) доселени биле во 1920 година од селото Дабниште, каде се населиле во 1916 година од мегленското село Зборско.[5]

ДенесУреди

Денес Моклиште е познато излетничко и рекреативно место во Тиквешијата. Каде кавадарчани најчесто го слават 1 мај. Поради широките и рамни тревнати ливади, близината на реката Луда Мара и споменикот на 12-те убиени ваташки младинци, Моклиште исто така е и позното одредиште за екскурзии на основни и средни училишта од другите градови во Македонија.

Преку хидросистемот „Моклиште“, изграден во 1950 г. градот Кавадарци се снабдува со вода за пиење.

Во селото подигнат споменик на 12-те младинци од Ваташа стрелани од бугарскиот окупатор во 1943 г.

Културни и природни знаменитостиУреди

Моклишки манастир „Свети Никола“Уреди

  Главна статија: „Моклишки манастир.

Во Моклиште се наоѓа и познатиот Моклишки манастир, посветен на Свети Никола, подигнат во 1595 г. од страна на зографот Никола и неговите синови од селото Тимјаник.

Во Моклишкиот манастир во XVII век мошне успешно работи ќелијното училиште, а првите писмени луѓе во овој крај своето описменување го стекнале токму во овој манастирски комплекс. Манастирот имал богата библиотека која според Јордан Хаџи Константинов - Џинот, кој бил учител во селото Ваташа изнесувала околу 30 товари книги и ракописи. Со запустувањето на Полошкиот манастир монасите се преселиле во овој манастир и ја продолжиле својата работа.

Археолошки наоѓалиштаУреди

На подрачјето на Моклиште и околината среќаваат археолошки наоѓалишта:[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 153-154. ISBN 9989-649-28-6.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)