Просторно и урбанистичко планирање

Дел од серија статии по

Просторен план на РМ
Генерален урбанистички план
Детален урбанистички план
Урбанистички план за село
Урб. план вон населено место
Архи.-урб. проект
Урбанистички проект

Министерство
Сектор за урбанизам

Останато

Историја на урбанизмот
Агенција за прос. планирање
Терминологија


Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.

Видови на планови уреди

Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следниве планови:[1]

1 Просторен план на Република Македонија (план за намена и користење на просторот на територијата на целата Република)

2 Урбанистички планови:

Начела уреди

Изработувањето, донесувањето и спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија и на урбанистичките планови се работи од јавен интерес.

Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат, и нивното спроведување има задолжителен карактер.

Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, начелата во процесот на планирање и уредување на просторот се:[2]

  • рамномерен просторен развој,
  • рационално уредување и користење на просторот,
  • услови за хумано живеење и работа на граѓаните,
  • надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет,
  • оддржлив развој,
  • заштита и унапредување на животната средина и природата,
  • заштита на недвижното културно наследство,
  • заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки катастрофи

и хаварии,

  • јавност во постапка за донесување и спроведување на плановите, и
  • усогласеност со европските нормативи и стандарди во планирањето и

уредувањето на просторот.

Наводи уреди

  1. Закон за просторно и урбанистичко планирање [1] Архивирано на 5 март 2016 г.
  2. Министерството за животна средина и просторното планирање - Сектор за просторно планирање [2][мртва врска]